Благоја Петров - Караѓуле (16 јануари 1924, Битола, - 26 јули 1963, Скопје) — македонски оперски пејач, баритон.
Животопис
Караѓуле е роден е на 16 јануари 1924 година во Битола. Тој и бил вијко на македонската пејачка Виолета Томовска, а негова сестра била Блага Видец. Во 1949. г. дебитирал на сцената на Операта на МНТ со улогата на Маркизот во операта Травијата. Остварил повеќе од 15 улоги, мегу кои позначајни се: Зорз Зермон (Травијата), Папагено (Волшебната флејта), Родриго-Поза (Дон Карлос), Фигаро (Севилскиот бербер), Ренато (Бал под маски). Поседувал сонорен глас, изразита музикалност и сценски шарм. Познат е како одличен изведувач на македонски народни песни. Живеел во Скопје кај денешната зграда на поштата каде имало покриен пазар - пасаж, а неговиот стан бил над приземјето во станбениот комплекс. Зградата била разорана за време на скопскиот земјотрес.[1] Во МНТ останал сè до трагичното загинување во скопскиот земјотрес во 1963 година.
Наводи
Надворешни врски