Благоја Маневски (роден на 9 април 1957 година во Скопје) — македонски сликар, професор на Факултетот за ликовни уметности, еден од носителите на постмодернистичките тенденции од осумдесеттите. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1986). Излагал самостојно и групно во Скопје, Белград, Париз, Рим, Минхен, Токио, Лос Анџелес. Користи разни ликовни форми од сликарството, објект, цртеж, фотографија, инсталација, амбиент, до уметноста на релацијата што ги подразбира социјалните аспекти.[1]
Наводи