Благоја Аџиев ( 1923 во Горно Врбени, Леринско, Егејска Македонија — 1948 во Кајларско, Егејска Македонија) — македонски партизан, борец за националните права на Македонците во Егејска Македонија, учесник во НОВ и во Граѓанската војна во Грција.[1]
Животопис
Потекнувал од сиромашно семејство. Иако завршил само основно училиште, важел за паметна и енергична личност. Уште од 1943 година влегол во редовите на ЕПОН и активно учествувал во националната борба за слобода, борејќи се против нацистичката окупација. Со неговата активност во организирањете на работата и со влијанието што го имал кај помладите и кај постарите селани, станал секретар на ЕПОН за родното село, а подоцна бил избран за член на суровичкиот регионален совет на ЕПОН.[1]
Во 1944 година, станал член на грчката комунистичка партија. По договорот од Варкиза тој продолжил да работи илегално за ЕПОН и во 1946 година преминал во редовите на ДАГ. Учествувал во многу битки на ДАГ каде што се истакнал со храброст. Благоја долго време бил дел од партизански групи од Суровичево и Кајларско.[1]
Во декември 1948 година се нашол опкружен од голема грчка монархофашистичка војска во Кајларско. По неколкучасовна херојска битка, непосредно пред да снема куршуми, решава да се самоубие.[1]
Наводи