Битка кај Таненберг

Битка кај Таненберг е прв голем судир на Руското Царство и Германското Царство во 1914 година на Источниот фронт во првите денови на Првата светска војна. Во битката учествувале Првата и Втора руска и Осмата германска армија, битката траела од 17 август до 2 септември 1914 годиа.

Руската армија своите комункаци преку радио врски ги обавувала без шифрирање, бидејќи верувале дека Германците немаат познавачи на рускиот јазик. Германските сили со своите преведувачи на тој начин биле упатени во сите воени планови на Русите.

Тек на битката

Руските армии навлегле во Источна Прусија со цел да го заземат Калининград.[1] На почетокот битката била поволна за руската војска која се пробивала на запад. Првата армија ја поминала границата на 17 август, неколку дена порано според германските проценки.[2] Првиот германски контранапада бил одбиен на 20 август 1914 година. Германскиот командант фон Притвиц бил сменет кога се обидел потполно да ја напушти источната Прусија. Поради пропаѓање на Шлифеновиот план на запад, германската команда била доведена до паника и испратила дополнителна војска на Источниот фронт. Додека засилувањата од запад пристигала, командантот на германската Осма армија, Макс Хофман ги прегрупирал германските сили, оставајќи слаби сили шред уската Прва армија што пристигнувала од исток, а подготвил стапива за Втората армија која доаѓала од југ.

Германскиот командант Херман фон Франко ја пресекол издолжената линија за снабдување на Втората руска армија, а тоа довело до масовни предавања и речиси потполни уништување на Втората армија кај местото Фрогенау. Началникот на штабот на новиот командант на фронтот, фон Хинденбурга, Ерих фон Лудендорф, испратил телеграма за победата од блиското село Таненберга и битка според тоа место го добила името според строго барање на Хинденбург. Хофман верувал дека Хинденбург немал никакво ичество во битката, и на посетителите при покажување на фронтот и штабот на Хинденбург им говорел дека тоа е местото каде што фелдмаршал спиело пред, по и во токот на битката. Хинденбург инсистирал на ваков назив на Битката зашто на тоа место се одржала и Битката кај Гринвалд во 1410 година, каде што словенските воини ги поразиле Тевтонските рицери. Во таа древна битка некој предок на Хинденбург го загубил животот.

Пред да му биде испратена порака за поразот на рускиот цар, Самсонов, командант на руските сили, извршил самоубиство со пиштол на 29 август. Неговото тело го пронашла германската патрола следниот ден. Командантот на Првата армија Рененкамф бил принуден да се повлече од Прусија.

Ова битка е централен мотив на романот Август 1914 на Александар Солженицин.

Објаснување на поразот

Од главниот штаб на Руската царска војска била испратена наредба да не се користат старите шифри поради можоста Германците да ги имаат дешифрирано (подоцна се дознало дека Германците никогаш не успеале да ги дешифрираат руските шифри) и поради тоа руската комуникација се одвивала на отворено, а Германците ги преведувале без проблеми.

За време на битката рускиот генерал Рененкампф бил со проститутки во кафана,а кога некој офицер дошол да го праша за понатамошните наредби, Рененкампф го избркал. Во шумите бил фатен германски војник, кој под закана со мачење на Русите им пренел дека германската команда ги дознала руските планови и дека армијата ана Самсон ќе биде уништена.

Во текот на битката германските сили употребиле авијација што создало дополнителни проблеми за руската војска чија авијација била фо фаза на развој.

Германската команда одлично ја организирала својата војска и ги удрила силите на руската Втора армија кај што биле најслаби.

Наводи

  1. Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 169.
  2. McMeekin, S. (2011) The Russian Origins of the First World War. Harvard University Press, стр. 67.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!