Битката кај Калугарени се одвила помеѓу Османлиското Царство и Влашка на 23 август 1595 година.
Битката кај Калугарени била една од најважните во историјата на модерна Романија. Таа започнала на 23 август 1595 година меѓу силите на Михаил Храбриот и османлиската армија на чело со Коџа Синан-паша. Оваа битка претставува дел од т.н. Долга војна во Унгарија.
На страната на Османлиите имало околу 100.000 војници но се претпоставува дека оваа војска не била целосно на бојното поле кај Калугарени, туку нивната бројка изнесувала околу 30.000 - 40.000 а останатите се наоѓале во околината на Унгарија. Од друга страна Михаил Храбриот имал армија од околу 16.000 војници.
Жртвите од конфликтот се оценуват на околу 1.000 Власи додека Османлиите имале околу 10.000. По битката Синан-паша заминал кон Букурешт.
Наводи