Поморската битка кај Џерба се одржила во мај 1560 година во близина на истоимениот остров во денешен Тунис. Битката се водела помеѓу Османлиите кои биле под команда на Пигал Паша успеале да ги поразат сојузничките сили од Европа, предводени од Шпанија.
Сили
Околу бројот на бродови, војници и слично на двете страни, денеска има повеќе мислења помеѓу историчарите. Се смета дека христијанските сили броеле околу 50-60 галии и 40-60 помали бродови. Според Џакомо Босио, точниот број на галии изнесувал 54. Фернан Брудел смета дека исто така имало 54 галии плус 36 помали бродови. Христијанските сили биле предводени од страна на Андреа Дорија. Од друга стрна пак, најдобар податок е дека бројот на галии на муслиманската страна бил 86.
Резултат
Европските сојузници во поморската битка биле поразени. Околу 30 галии биле уништени или заробени, околу 9.000 војници биле убиени и други 5.000 заробени. Од друга страна, Османлиите имале околу 1.000 жртви. Победата на Османлиите претставува врв на османлиската поморска доминација во Средоземно Море. Во следните години Османлиите ја нападнале и Малта, но не постигнале голем успех.