Јавна општинска установа Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија е библиотека во Гевгелија, Македонија.
Објект
Фасадата на куќата каде што е сместена библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија го доби автентичниот лик по реставрацијата и конзервацијата, што во 2013-та ја изврши стручен тим од Заводот и музеј Струмица. Обновениот објект, кој датира од крајот на 19 век беше меѓу 250-те објекти од програмата на Министерството за култура за реставрација на фасади од стара градска архитектура.
Објектот функционира како библиотека по Втората светска војна, а претходно имал други намени и различни сопственици.[1]
Книжен фонд
Библиотеката денес располага со книжен фонд од околу 60.000 монографски публикации, комплетирани и укоричени дневни весници и списанија, референтна литература, ракописи, документи, албуми и видеоматеријали.[2]