Областа Бени Суејф (арап. محافظة بني سويف Muḥāfāzah Banī Suwīf) ― една од областите (гувернерства) на Египет. Се наоѓа во средиштето на земјата.
Преглед
Главен град на оваа област е градот Бени Суејф, кој се наоѓа на околу 120 км јужно од Каиро на западниот брег на реката Нил. Областа е добро позната во Египет по фабриките за цемент. Блиската пирамида Мејдум е единствената истакната туристичка знаменитост во областа.
Поради различните начини на препишување на правописот, таа може да биде позната и како Бени Суеф или Бени Суаиф/Сваиф.[4]
Стапката на сиромаштија е повеќе од 60% во оваа област, но неодамна биле обезбедени некои мрежи за социјална заштита во облик на финансиска помош и можности за работа. Финансирањето е координирано од Министерството за финансии на земјата и со помош од меѓународни организации.[5]
Општински единици
Областа е поделена на следните општински единици за административни цели со вкупно проценето население заклучно со јули 2017 година од 3.171.186. Во некои случаи, еден марказ и кисма делат име.[6][7]
Население
Според проценките на населението од 2015 година, мнозинството жители во областа живеат во рурални места, со стапка на урбанизација од само 23,2%. Од проценетите 2.856.812 луѓе кои живеат во областа, 2.193.871 луѓе живеат во руралните места наспроти само 662.941 во урбаните места.[8]
Индустриски зони
Според египетската Управа за инвестиции и слободни зони, подредена на Министерството за инвестиции, следните индустриски зони се наоѓаат во оваа област:[9][10]
- Индустриска зона Ком Абу Ради
- Индустриска зона Бајад Ал Араб
- Индустриска зона 31-1
- Индустриска зона 31-2
- Индустриска зона 31-3
- Индустриска зона 31-4
- Габал Гареб - тешка индустрија
- Нова индустриска зона Бени Суејф
Наводи
Надворешни врски