Белата куќа е официјалната резиденција и работното место на Претседателот на САД. Се наоѓа во Вашингтон. Изградена е помеѓу 1792. и 1800. од камен во џорџијански стил и била резиденција на сите претседатели на САД од Џон Адамс. Објектот бил на неколкупати прошируван и доградуван во 1824, 1829, 1901, 1927, 1946 и 1948 година за да го добие денешниот изглед. Таа има приземје и три ката, како и две нивоа под земја. Куќата е дизајнирана од ирецот Џемјс Хобан, и изградена во периодот помеѓу 1792-1800.
Објектот е во сопственост и управуван од Националниот Претседателски парк.