Бања Банско

Бела Вода

Римска терма во Бања Банско

Карта

Местоположба 41°23′1″N 22°44′36″E / 41.38361°N 22.74333°E / 41.38361; 22.74333
Основни податоци
Место Банско
Општина Струмица
Тип

 терма


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Бања Банскобања во југоисточна Македонија, близу до Струмица и селото Банско. Нејзините води се лековити за најразлични заболувања, во прв ред ревматични.[1]

Претставува римска бања, која е термоминерално лекувалиште од античко време. Овој објект е оддалечен околу 12 километри источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица. Откриен е во 1978 година, при копањето на темелите на хотелот „Цар Самуил“. На површина од 1000 м2 се откриени десет простории. Малите ниски простории се наоѓаат на источната страна, а на западната страна се наоѓаат повисоките простории. Ѕидовите се зачувани во височина од 2 метра до 6,70 метри.

Термата (бања) имала простории за соблекување, сауна, базени со топла, ладна и млака вода итн. Бањата ги користела термоминералните води од изворот Парило, што се наоѓа 50 метри јужно од бањата. Термата најверојатно потекнува од III век, од времето на римскиот цар Каракала (211- 217), кој подигал и обновувал терми низ царството[2].

Термоминералните извори, се пет на број, од кои само едниот, најголемиот е стручно каптиран. Тој се слива во главната бања наречена Турска бања — а другите четири слободно се изливаат без посебна каптажа, а само еден дел се влева во бањата „Саланџа“. Температурата на водата во изворот не се менува во текот на годината, што докажува дека потекнува од голема длабочина и е без атмосферски влијанија. Температурата на водата во изворите е на околу 71 степен во главниот извор, кој ја снабдува главната, Турската бања, а изворот кој ја снабдува „Саланџа“ е со температура од 56 степена.

Наоѓалиштето „Римска терма“ во Бања Банско е еден од ретките сочувани римски споменици од ваков вид во Европа.

Термоминералните извори во Бања Банско биле познати уште во римско време, за што сведочат археолошките остатоци на старите римски терми. Во околината на Бањата се наоѓаат шума од липи и костени и бистри планински потоци. Папратот од македонското поднебје кој расте во околината на Бања Банско е заштитен од Обединетите Нации.

Историски развој на бањата Банско

Откривањето на ќерамиката и другите предмети што се пронајдени во Струмица и струмичко од доцниот неолит, го докажуваат фактот дека во овој крај постојат голем број историски непроценливи вредности од римскиот период како што е римската терма во Банско која е откриена многу доцна. Нема некои историски списи кои ќе говорат за постоењето и користењето на бањата Банско. Но, со самиот факт дека на овој простор постои една ваква терма, кажува дека истата постоела и се користела уште од римско време, односно од дамнешни времиња.

Постојат остатоци од базен до чешмата за пиење топла вода, за којшто населението не знае кога е граден. Ископани се стари пари со ликот на цар Константин во месноста Панаир, под бањата, каде што се откриени и многу питоси. Нивите се исполнети со стари ќерамиди и конечно откриени се на неколку места низ селото многу стари ќумци, преку кои водата од топлиот извор е спроведувана преку повеќе канали кон селото, јасно потврдувајќи ја наведената констатација, а тоа го потврдува и месното население, дека бањата функционира уште од Римјаните.

Со поконкретни податоци, располагаме од времето на владењето на Турците. Тие биле значајни поклоници на бањите. Се знае дека Турците, на пример во бањските села помасивно се населувале, често ги претворале во чисто турски села. Таков е случајот во село Бање – Кочанско, а во слична положба било и селото Банско. Така се забележува дека во втората половина на XVIII век и почетокот на минатиот век почнале да градат во бања Банско, тогаш е реновиран базенот кој и денес постои (велиме реновиран, бидејќи Турците го викале Јени овлет што значи „Нов базен“, а тука претходно имало постар). Наредниот период во развојот на Бањата го зафаќа времето меѓу двете светски војни – кога Бањата била разрушена. По 1920 година двајца браќа од Струмица ја обновуваат Бањата и изградиле објект за сместување.

Географска положба на Бањата

Бањата Банско е сместена 12 км југоисточно од Струмица на источниот крај од селото Банско. Термоминералните извори се наоѓаат во подножјето на планината Беласица, меѓу реката Дерман од запад, планинската коса Манастир од исток и рамното Струмичко Поле и месноста Какошинска од север. Бањските објекти се подигнати на една чакалеста тераса, создадена од Дерменска Река на надморска височина од 270 метри.

Сместена на допирот од две различни орографски и биографски целини Бањата има одлична географска положба. Од пространата тераса на која се подигнува бањскиот комплекс како од белведер се протега прекрасен поглед кон Струмичката Котлина на едната страна и кон стрмните врвови на импресивната Беласица од другата страна. Шумата на Беласица претставува дополнително задоволство. Таа и дава посебен белег на оваа бања така што го задржува вниманието на транзитните патници и посетителите на бањата.

Сообраќајна поврзаност на Бањата

Бањата Банско претставува крстосница на важни патиша. Овде минува источната туристичка магистрала. Денес бањата Банско е сообраќајно поврзана со Струмица. До неа води добар асфалтен пат. Од селото Дабиле се одвојува еден крак кон Берово преку Малешевските Планини. Другиот води кон граничкиот премин Петрич во Република Бугарија. Сметаме дека е потребно изградба на пат од клучката кај Куклиш, со што ќе се овозможи и поврзување на Валандовско – Дојранскиот регион со бањата. Со тоа ќе се создадат услови и за поголем број на посетители – гости.

Кон север бањата е поврзана преку Радовиш и Штип со Скопје што е мошне важно за овој бањски комплекс. Уште подобра сообраќајна поврзаност би имала со изградба на аеродром што е многу важен за овој регион. Важноста се гледа во развојот на странскиот туризам и земјоделието кое пак би дало значаен придонес во оваа област.

Хидрографски карактериски на бањата

Термоминералните извори се сместени во интересен простор. Се забележува дека овде се вкрстуваат повеќе дислокации. Повеќе испитувачи се сложуваат дека една има правец на протегање И – З. Таа е најдлабока и со најголемо протегање. На оваа дислокација и во Република Бугарија кај Петрич се јавуваат термоминерални извори кои се исто така врзани за гранатски интрузии. Значи, геотермичките манифестации во Струмичката област, а пред сè термалните извори во Банско непосредно се врзани за длабински раседи. Интересно е да се напомене дека од Валандовскиот земјотрес во 1931 година, главниот извор на бањата во Банско – Парилото пресушил. Водата не се јавувала девет дена, а место неа од земјата се јавувала само пареа.

Најголема штедрост на вода има главниот извор (Пароли) 40 л/сек. Тој има и највисока температура 72 степени. Со ваква обилност главниот избор го зазема третото место меѓу термалните избори во Република Македонија. На прво место е “Косоврашкиот извор” со 68.8л/сек, на второ место е изворот на “Нова Каптажа51л/сек во село Бањиште. Другите извори се со помала штедрост и пониска температура.

Тоа значи дека бањата Банско има забележителен капацитет како основа за развој на бањскиот туризам. Водата на бањата спаѓа во групата на натриумскосулфорни, алкални и азотни води кои во себе содржат ретки минерали. Таа е од јувенилно потекло, односно доаѓа од големи длабочини и нема атмосферски влијанија. Обилноста и температурата на водата не се менува што има посебно значење за нејзиното искористување.

Лекувачките можности на бањата Банско

Лекувачките можности на термоминералната вода во бањата Банско одамна се познати. Богатството со хипертермални минерални извори на температура на водата од 47 до 72 степени овозможиле природното лекувалиште да се користи уште од римско време, односно од III век.

Богатите и разновидни шуми, извонредно чистиот воздух се основни услови за лекување. Поради тоа во бањата се користи најсовремената медицинска техника од страна на стручна медицинска екипа. Бањата помага при лекување на следните заболувања:

  • Сите видови ревматични заболувања
  • Ишијалгија и полиартриги
  • Заболувања на дишните органи (бронхит, асма)
  • Болести на органите и за варење (чир, гастритис, цревни заболувања)
  • Состојба после фрактура на коските
  • Состојба на прележана жолтица
  • Нервни заболувања
  • Женски гинеколошки заболуваља (стерилитет, запаление на јајниците и др.)

Сите горенаведени болести денес се лекуваат во јавната здравстврна организација. Природно лекувалиште бања Банско односно во хотелот „Цар Самуил“. Хотелот е најсовремено опремен за болнео – терапија и медицинска рехабилитација. Има можност од спортско – рекреативен и забавен карактер, користење на кинезотерапија, базен и хидротерапија.

Поврзано

Наводи

  1. Министерство за култура на Република Македонија[мртва врска]
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Литература

  • Н. Ташков: Туристичките вредности на бањите во Република Македонија, (Универзитет „Гоце Делчев“, Штип), април 2004.

Надворешни врски

  • „Бања Банско, азотна терма и воздушно лекувалиште“. портал ИГЕО. 16 ноември 2017.

Read other articles:

إيفيجنيه في تاورس(بالألمانية: Iphigenie auf Tauris) (بالألمانية: Iphigenie auf Tauris)‏  مشهد من إيفيجنية في تاورس (في فايمار 1802) مع غوته يمثل كأرستيس في الوسط (الفصل الثالث، المشهد الثالث) رسم انجيليكا كاوفمان النوع الفني تراجيديا المؤلف يوهان فولفغانغ فون غوته تاريخ النشر 1787  أول عرض 6 أب

 

Rambai Baccaurea motleyana Status konservasiRisiko rendahIUCN183247890 TaksonomiDivisiTracheophytaSubdivisiSpermatophytesKladAngiospermaeKladmesangiospermsKladeudicotsKladcore eudicotsKladSuperrosidaeKladrosidsKladfabidsOrdoMalpighialesFamiliPhyllanthaceaeTribusAntidesmeaeGenusBaccaureaSpesiesBaccaurea motleyana Müll.Arg., 1866 lbs Rambai (Baccaurea motleyana) adalah sejenis buah-buahan dan tumbuhan penghasilnya yang tumbuh liar atau setengah liar di kebun-kebun Asia Tenggara, seperti Thaila...

 

يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (ديسمبر 2018) حارة الحكمة  - حارة -  تقسيم إداري البلد  اليمن المحافظة محافظة صنعاء المديرية مديرية السبعين

Type of Israeli boarding school Havat HaNoar HaTzioni, Jerusalem A youth village (Hebrew: כפר נוער, Kfar No'ar) is a boarding school model first developed in Mandatory Palestine in the 1930s to care for groups of children and teenagers fleeing the Nazis. Henrietta Szold and Recha Freier were the pioneers in this sphere, known as youth aliyah, creating an educational facility that was a cross between a European boarding school and a kibbutz. History Ben Shemen youth village, 1920s-1930s...

 

Треза Герб Прапор Країна  Швейцарія Регіон Subdistrict Sessad Номерний знак TI Населення  - повне Площа  - повна 11,04 км² Висота  - максимальна 393 м  - мінімальна 393 м Вебсайт tresa.ch Вікісховище має мультимедійні даніза темою: Треза Треза (італ. Tresa) — громада в Швейцарії ...

 

此條目翻譯品質不佳。 (2023年3月3日)翻譯者可能不熟悉中文或原文語言,也可能使用了機器翻譯。請協助翻譯本條目或重新編寫,并注意避免翻译腔的问题。明顯拙劣的翻譯請改掛{{d|G13}}提交刪除。 赛义德·胡尔希德·艾哈迈德·沙阿巴基斯坦反對黨領袖任期2013年6月7日—2018年5月31日总统阿西夫·阿里·扎爾達里 馬姆努恩·侯賽因总理納瓦茲·謝里夫前任尼萨尔·阿里·汗继...

British journalist Susan Osman in 2019 Susan Osman is a British journalist known for her work with BBC, ITV and China Radio International. Osman was a theatre director in Brighton, and also worked in that capacity in Washington, DC. She began her television career in 1983 at HTV West. She also worked as an investigative reporter for Channel 4's consumer affairs programme 4 What It's Worth, as well as at BBC East.[1] She first joined BBC West in 1991. She presented the current affairs ...

 

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: George II Šubić of Bribir – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (February 2015) (Learn how and when to remove this template message) George II Šubić of BribirJuraj II. Šubić BribirskiDuke of the Dalmatian citiesDuke of Trogir, Nin, OmišDuke of Tr...

 

Peta menunjukkan lokasi Santa Rita Santa Rita adalah munisipalitas yang terletak di provinsi Samar, Filipina. Pada tahun 2010, munisipalitas ini memiliki populasi sebesar 37.265 jiwa dan 7.180 rumah tangga. Pembagian wilayah Secara administratif Santa Rita terbagi menjadi 38 barangay, yaitu: Alegria Anibongon Aslum Bagolibas Binanalan Cabacungan Cabunga-an Camayse Cansadong Caticugan Dampigan Guinbalot-an Hinangudtan Igang-igang La Paz Lupig Magsaysay Maligaya New Manunca Old Manunca Pagsulho...

American historian This biography of a living person needs additional citations for verification. Please help by adding reliable sources. Contentious material about living persons that is unsourced or poorly sourced must be removed immediately from the article and its talk page, especially if potentially libelous.Find sources: Aviva Chomsky – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (November 2017) (Learn how and when to remove this template message...

 

United States Army military unit This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Headquarters and headquarters company United States – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (August 2017) (Learn how and when to remove this template message) US Army HHC logo In United States Army units, a headquarte...

 

Chaire à prêcher de l'église de la Trinité de BrélévenezPrésentationType Chaire à prếcherDestination initiale Culte catholique, prédicationDestination actuelle Culte catholiqueMatériau BoisConstruction XVIIIe siècleHauteur 800 cmPropriétaire Commune de LannionPatrimonialité  Classé MH (1971)LocalisationPays  FranceDépartement Côtes-d'ArmorCommune LannionCoordonnées 48° 44′ 10″ N, 3° 27′ 31″ OLocalisation sur la car...

American ice hockey player (born 1991) Ice hockey player Mark Alt Alt with the Adirondack Phantoms in 2013Born (1991-10-18) October 18, 1991 (age 32)Kansas City, Missouri, U.S.Height 6 ft 4 in (193 cm)Weight 201 lb (91 kg; 14 st 5 lb)Position DefenseShoots RightteamFormer teams Free agentPhiladelphia FlyersColorado AvalancheLos Angeles KingsStraubing TigersNHL Draft 53rd overall, 2010Carolina HurricanesPlaying career 2013–present Mark Alt (born Oc...

 

Visual landing system used on US Navy aircraft carriers The fresnel lens optical landing system of Charles de Gaulle An optical landing system (OLS) (nicknamed meatball or simply ball) is used to give glidepath information to pilots in the terminal phase of landing on an aircraft carrier.[1] From the beginning of aircraft landing on ships in the 1920s to the introduction of OLSs, pilots relied solely on their visual perception of the landing area and the aid of the Landing Signal Offi...

 

American film producer Julie CormanCorman at Sitges Film Festival in 2010BornJulie Ann Halloran (1942-06-22) June 22, 1942 (age 81)OccupationFilm producerSpouse Roger Corman ​(m. 1970)​Children4 Julie Ann Corman (née Halloran; born (1942-06-22)June 22, 1942) is an American film producer. She is married to film producer and director Roger Corman.[1] Career In 1970, Julie Corman married film director/producer, Roger Corman. Corman produced a series of ...

2010 film by David Slade The Twilight Saga: EclipseTheatrical release posterDirected byDavid SladeScreenplay byMelissa RosenbergBased onEclipse2007 novelby Stephenie MeyerProduced by Wyck Godfrey Karen Rosenfelt Starring Kristen Stewart Robert Pattinson Taylor Lautner Bryce Dallas Howard Billy Burke Dakota Fanning CinematographyJavier AguirresarobeEdited by Art Jones Nancy Richardson[1] Music byHoward ShoreProductioncompanySummit Entertainment[2]Distributed bySummit Entertainm...

 

Платиновий альбом Майкла Джексона Thriller, записаний на студії Epic Records. Громадська музична індустрія зазвичай нагороджує музичні звукозаписи сертифікаційними нагородами, заснованими на обсягах продажів або відправлень в роздрібну торгівлю. Ці нагороди та їх вимоги визна...

 

Nama ini menggunakan cara penamaan Portugis. Nama keluarga pertama atau maternalnya adalah Félix dan nama keluarga kedua atau paternalnya adalah Sequeira. João Félix Félix berlatih bersama Atlético Madrid pada 2019Informasi pribadiNama lengkap João Félix Sequeira[1]Tanggal lahir 10 November 1999 (umur 24)[1]Tempat lahir Viseu, PortugalTinggi 181 cm (5 ft 11 in)[2]Posisi bermain penyerang, gelandang sayap, gelandang serangInformasi klubKlu...

Early Iron Age culture in central Germany European early Iron Age cultures:   Nordic group   Jastorf culture   Harpstedt-Nienburger group   Celtic groups   Pomeranian culture   House Urn culture   East-Baltic cultures of forest zone   West-Baltic culture of cairns   Milograd culture   Estonic group House-shaped urn, 7th century BC, found in Sachsen-Anhalt The House Urns culture (German: Hausurn...

 

Tour de France 2009Alberto Contador, vêtu du maillot jaune, derrière Andy SchleckGénéralitésCourse 96e Tour de FranceCompétition Calendrier mondial UCI 2009Étapes 21Date 4 au 26 juillet 2009Distance 3 459 kmPays traversé(s) France Monaco Espagne Andorre Suisse ItalieLieu de départ MonacoLieu d'arrivée ParisÉquipes 20Partants 180Vitesse moyenne 40,315 km/hRésultatsVainqueur Alberto ContadorDeuxième Andy SchleckTroisième Bradley WigginsClassement par points Thor Hus...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!