Банката на Намибија е централната банка во Намибија. Банката е основана со одредбите на Членот 128 од Уставот на Намибија. Банката се наоѓа во Виндхук и е основана во 1990 година.[2] Банката е единствена институција која има дозвола за издавање на намибискиот долар.
Гувернери
Дел од гувернерите на банката биле:[3]
- Воутер Бернард (16 јуни 1990 - 31 август 1991)
- Ерик Ленарт Карлсон (1 септември 1991 - 31 декември 1993)
- Џафар Бин Ахмад (1 јануари 1994 - 31 декември 1996)
- ТОм Алвендо (1 јануари 1997 - 25 март 2010)[4]
- Ипумбу Шими (25 март 2010 - 1 јуни 2020)[5]
- Јоханес Гавакаб (1 јуни 2020 - )[6]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски