Банка на Албанија

Банката на Албанија (албански: Banka e Shqipërisë) — централна банка на Република Албанија.

Историја на банката

По прогласувањето на независноста на Албанија, на 28 ноември 1912 година, една од главните грижи на албанската влада, предводена од Исмаил Кемал Беј Валона, била закрепнувањето на кредитната банка во Албанија која ги развила своите активности во согласност со нормите на банките на европските држави. Исмаил Валона ја предвидувал народната банка како финансиска институција која првенствено има за цел економски развој на земјата, додека профитот требало да се оствари преку самиот развој и стабилизирањето на независната албанска држава. Не залудно, тој ја опишал Народната банка како „…втора победа по слободата“. Владата на Исмаил Валона, на 4 октомври 1913 година, ја потпишала првата концесија за формирање на Националната банка на Албанија, заедно со претставниците на двете најистакнати финансиски групи, Винер банка и Банка комерцијале италијана. Сепак, во драматичните случувања за време на Првата светска војна, Народната банка на Албанија не била во можност да работи. По потврдувањето на независноста на Албанија со меѓународните акти од 1921 година, се воделе бројни дискусии за повторно воспоставување на националната банка, што станало реалност со договорот склучен од Муфид Либох во име на албанската влада и Марио Алберт во име на групата банки. Италијански финансиски административен центар на Народната банка на Албанија бил градот Драч, додека административниот комитет бил со седиште во Рим.[1]

Народната банка на Албанија била основана на 2 септември 1925 година и во февруари 1926 година ја вовела првата албанска национална валута - „златен франк“ со своето подмножесвто „лек“. Од своето основање, Народната банка на Албанија го усвоила златниот стандард кој во тоа време функционирал во многу земји. Според основачката конвенција, банката требало да има резерви од скапоцен метал еднакви на една третина од издадените банкноти. Банката на Албанија работела како монопол во тек на 10 години, а од 1938 година била изложена на силна конкуренција од албанската филијала на Банката на Неапол и од Националната банка на трудот. Во тој период, таа го зголемила кредитирањето и со тоа ја задржала доминантната позиција на албанскиот пазар.[1]

На 13 јануари 1945 година бил донесен закон со кој се укинала конвенцијата на Народната банка на Албанија и нејзините активности. Истиот ден бил донесен и Органскиот закон на Државната банка на Албанија. Оваа банка била основана како важна институција на финансискиот систем на албанската држава. Во текот на 1945 година, Државната банка на Албанија ја започнала својата активност во областа на издавање валути и заеми. Со декретот бр. 445, на 7.7.1945 година, „за повлекување на банкнотите наречени франци и за ново издание“, како нова валута бил прогласен лекот. Од февруари 1946 година до крајот на 1990 година, Државната банка го поддржувала развојот на социјалистичката економија. Во овој период, во Албанија работеле ограничен број банки, а главната одлика од тоа време била екстремната централизација на овој систем во рацете на државата. Со собирање привремени бесплатни средства, Државната банка на Албанија обезбедувала краткорочни и долгорочни заеми на претпријатијата и земјоделските задруги, извршувала благајнички услуги, одржувала сметки за приходите и расходите, спроведувала финансиско работење на претпријатијата и сл. На почетокот на 1990-тите, промените во политичкиот систем во Албанија довеле до одвојување на централната банка од комерцијалните банки. Банката на Албанија била основана со донесувањето на Законот бр. 2 од 22 април 1992 година. Тогаш, Банката на Албанија ги добила соодветните функции на конвенционална централна банка, со основна цел одржување на ценовната стабилност и ефикасноста на финансискиот систем.[1]

На 30 октомври 2015 година, Банката на Албанија организирала церемонија на отворањето на својата реконструирана зграда на седиштето, што се совпаднало и со отворањето на музејот на Банката на Албанија. Проектот за реконструкција на Банката на Албанија овозможил да се создаде средина со подобри и посовремени услови за работа, како и административно да се одделат функциите на Банката. Всушност, новиот проект ја олеснил нејзината комуникација со пошироката јавност, создавајќи покомплетен и транспарентен однос со јавноста.[2]

Цели, задачи и функции на банката

Законски и други акти

Главни закони кои се однесуваат на Банката на Албанија и на банките и небанкарските финанансиски институции што ги лиценцира таа се:[3]

  • Законот за Банката на Албанија
  • Законот за банките во Република Албанија
  • Законот за штедни и кредитни синдикати
  • Законот за вонредно закрепнување и интервенција во банките во Република Албанија
  • Законот за платен промет

Статутот ги дефинира институционалните, административните и оперативните процедури на Банката на Албанија во согласност со нејзиниот органски закон.[4]

Членот 161 од Уставот на Албанија и Законот 8269/1997 за Банката на Албанија ги дефинираат целите, должностите, односите со банкарскиот и државниот систем, организацијата и раководењето, капиталот, финансиските извештаи и дистрибуцијата на профитот. Според овие пропсиси, централната банка е автономна и независна за остварување целите и задачите. Визија на Банката на Албанија е да го зајакне доброто раководење, со зајакнување на независноста, со зголемување на одговорноста и транспарентноста, со цел да се зголеми довербата на јавноста во самата банка.[5]

Како издавач на националната валута, Банката на Албанија промовира нормално функционирање на платниот систем со цел: обезбедување на безбедна, брза и евтина циркулација на парите во економијата; спречување на системскиот ризик и одржување на стабилноста на финансиските институции и пазари. Банката на Албанија ја промовира стабилноста на финансискиот систем – јавната доверба во институциите, пазарите и финансиската инфраструктура – преку регулирање, лиценцирање и следење на банките и другите финансиски институции и редовно ги идентификува и анализира ризиците и заканите по финансиската стабилност.[5]

Функции

Како монетарен и надзорен орган на земјата, Банката на Албанија извршува голем број на функции, како што се:[6]

  • Банката на Албанија има ексклузивно право да издава банкноти и редовно да ја снабдува економијата со готовина на територијата на Република Албанија.
  • Банката на Албанија ја подготвува, одобрува и спроведува монетарната политика со цел да ги постигне целите за кои користи соодветни монетарни инструменти.
  • Банката на Албанија е одговорна да обезбеди стабилен и ефикасен банкарски систем и, воопшто, финансиски систем во целина.
  • Банката на Албанија е одговорна за дизајнирање, одобрување и примена на девизниот режим, како и за девизниот курс во Република Албанија.
  • Банката на Албанија има ексклузивно право да лиценцира и одземе лиценца за вршење банкарски активности, како и да ги регулира и надгледува комерцијалните банки кои работат во Албанија.
  • Банката на Албанија ги чува и управува со девизните резерви на Република Албанија.
  • Банката на Албанија дејстува како банкар, советник и фискален агент на владата на Република Албанија.
  • Една од главните задачи на Банката на Албанија е промовирање и гарантирање на непречено функционирање на националниот платен систем.

Организација и раководење

Банката на Албанија е во целосна државна сопственост и одговара пред Собранието на Република Албанија. Со неа раководи Надзорниот одбор, со кој претседава Гувернерот, кој е негов извршен директор. Надзорниот одбор е највисокото тело за одлучување на Банката на Албанија. Тој е одговорен за развој на монетарната политика и за одобрување на упатства за нејзиното спроведување. Покрај тоа, Надзорниот одбор одлучува за политиките на управување воопшто, ги дефинира начините или процедурите за извршување на оперативните активности на Банката на Албанија, со што се обезбедува правилно управување со институцијата и јавна одговорност за своите активности, ангажмани и резултати.[7] Надзорниот одбор се состои од девет члена: гувернер – претседател, прв заменик гувернер – потпредсетадел, втор заменик гувернер и шест други членови. Сите членови на Надзорниот одбор ги избира и именува Собранието на Република Албанија со седумгодишен мандат, со право да се биде реизбран, врз основа на следниве предлози: Собранието предлага пет члена, Министерскиот совет предлага три члена, а Надзорниот одбор предлага еден член.[8]

Во согласност со член 53 од законот бр. 8269 од 23.12.1997 година за Банката на Албанија, нејзин главен извршен директор е Гувернерот. Тој е надлежен за секојдневното работење на Банката и претседава со Надзорниот одбор. Гувернерот е одговорен пред Надзорниот одбор за спроведување на донесените решенија, вклучително и за спроведување на монетарната политика, кредитните и девизните политики, како и за управување, контрола и надзорот на администрацијата и работењето на Банката на Албанија. Гувернерот го избира Собранието, на предлог на претседателот на Републиката со мандат од 7 години, со право да биде реизбран. Актуелен гувернер е Гент Сејко кој бил назначен за гувернер на Банката на Албанија на 5 ноември 2015 година.[9]

Монетарна политика

Главната цел на монетарната политика на Банката на Албанија е постигнување и одржување на ценовната стаблиност. Со гарантирање на ценовната стабилност, Банката на Албанија дава директен придонес во одржувањето на макроекономските рамнотежи во земјата, намалувањето на премиите за ризик, одржувањето на економски раст и подобрување на долгорочната благосостојба, како и поддршката на стабилноста на финансискиот систем. Притоа, квантитативната цел на Банката на Албанија е да ја одржи инфлацијата на цените на потрошувачите на 3%, набљудувано на среден рок. Главниот показател за рамнотежа на инфлациските притисоци во економијата и посакуваниот одговор на монетарната политика е отстапувањето на среднорочната прогноза за инфлацијата од целното ниво, поддржано со сеопфатна анализа на економските показатели. Покрај мерењето на инфлацијата како годишна промена во индексот на потрошувачките цени, Банката на Албанија користи и други мерки, како што е основната инфлација, инфлацијата на трговијата на мало, и инфлациските очекувања на економските агенти.[10] Извештајот за монетарната политика е квартална публикација на Банката на Албанија и главен инструмент за комуникација на монетарната политика со јавноста. Тој претставува сеопфатна слика за најновите макроекономски движења и фактори кои влијаат и се очекува да влијаат врз цените во земјата. Одлучувањето за монетарната политика е ексклузивно право на Надзорниот одбор. Процесот на донесување одлуки се заснова врз анализите и предвидувањата кои се дел од извештајот за монетарната политика, кој се објавува секој месец.[11]

Инструменти на монетарната политика

Кон крајот на 2000 година, Банката на Албанија конечно се откажала од инструментите за директна монетарна контрола. Тогаш, било решено улогата на основна каматна стапка во економијата да биде стапката на репо-трансакциите кои се одвиваат на редовни неделни аукции.[12]

Операции на отворениот пазар

Операциите на отворениот пазар се поделени на: главни операции на пазар, регулаторни и структурни активности. Договорите за реоткуп и откуп се користат како примарно работење на пазарот и како регулаторна операција, додека целосните трансакции се користат само во структурното работење. Договорите за откуп се активности на отворениот пазар со кои Банката на Албанија продава хартии од вредност, преземајќи обврска да ги откупи по претходно договорени услови со комерцијалната банка, со цел привремено намалување на каматните стапки. Со обратните договори за откуп, Банката на Албанија купува хартии од вредност обрзувајќи се да ги продава под претходно договорените услови, со цел зголемување на ликвидноста во банкарскиот систем. Главните операции на пазарот се одвиваат преку седумдневиот договор за откуп, кој е главен инструмент за монетарната политика на Банката на Албанија. Целта на овие операции е краткорочно управување со ликвидноста на банкарскиот систем, односно стабилизирање на пазарните каматни стапки. Договорот за откуп се реализира преку аукции со фиксна и со повеќекратна цена или со фиксна цена и недефинирана аукција; аукцијата се организира секоја недела и е од стандарден тип; фиксната каматна стапка ја одредува Надзорниот одбор и таа служи како максимално ниво за договорите за реоткуп или како минимално ниво за аукциите со повеќе цени; рокот на овој вид договори е седум дена. Обратните договори за откуп со рочност од еден ден, еден месец и три месеци се користат за регулирање на ненадејните флуктуации на пазарот. Тие се реализираат со брза аукција и/или со билателарни процедури со неодредена честота;а укциите се од дефиниран тип; Банката на Албанија има право да одбие побарувања кои отстапуваат од пазарната каматна стапка на денот на аукцијата; рокот на достасување на купопродажбата е од еден ден до три месеци; а во зависност од ликвидносните услови, Банката на Албанија може да интервенира на пазарот заедно со главните пазарни активности со фиксни операции за прилагодување на честотата.[13]

Структурните активности се инструмент што се користи за спроведување на структурните операции на отворен пазар. Целта на овие операции е регулирање на ликвидноста на банкарскиот систем. Трансакциите со целосно право претставуваат дефинитивна продажба или купување на хартии од вредност. Тие имаат трајно влијание на пазарот на пари и не се реверзибилни трансакции, а се користат само како операции за регулирање на структурата на пазарот.[14]

Задолжителна резерва

Сите банки и филијали на странски банки лиценцирани од Банката на Албанија имаат обврска да чуваат задолжителна резерва. Банките кои се ставени во ликвидација (а ги исполнуваат критериумите), се ослободени од барањето за одржување минимални резерви. Банките чија лиценца е одземена, исто така се ослободени од обврската за задолжителната резерва. Основата на резервата ги вклучува обврските кои произлегуваат од банкарските сметки, деноминирани во леки и во странска валута. Заклучно со 24 јули 2018 година, задолжителната стапка на резерва во сите банки изнесувала: 7,5 % за задолжителни категории на резерви со рок на достасување пократок од 12 месеци; 5,0 % за категориите со рок подолг од 12 месеци до 2 години. Банките ја држат потребната резерва во леки и девизи (евра и американски долари) кај Банката на Албанија. Периодот на резервата е еден месец, започнува на 24. ден во месецот, а завршува на 23. ден во следниот месец. За време на периодот на одржување, банките имаат право да ја користат резервата само во леки, доколку просечното салдо на сметката на резервите во последниот ден од периодот не е под потребното ниво на резерва. Од 24 февруари 2018 година, стапката на користење на резервите изнесува 70% од потребната резерва. Пријавување се врши по формат, честота и временски распоред. Последниот датум на задолжително известување за резервите е 15. ден од секој месец.[15]

Каматни стапки

На 6 ноември 2019 година, основните каматни стапки на Банката на Албанија изнесувале:[16]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Официјално мрежно место на Банката на Албанија (пристапено на 22.12.2019)
  2. Официјално мрежно место на Банката на Албанија (пристапено на 22.12.2019)
  3. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Закони (пристапено на 22.12.2019)
  4. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Статут (пристапено на 22.12.2019)
  5. 5,0 5,1 Официјално мрежно место на Банката на Албанија, За банката (пристапено на 22.12.2019)
  6. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Функции (пристапено на 22.12.2019)
  7. Официјално мрежно место на Банката на Албанија (пристапено на 22.12.2019)
  8. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Организација (пристапено на 22.12.2019)
  9. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Гувернер (пристапено на 22.12.2019)
  10. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Монетарна политика - цели и стратегија (пристапено на 22.12.2019)
  11. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Публикации (пристапено на 22.12.2019)
  12. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Инструменти (пристапено на 22.12.2019)
  13. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Операции на отворениот пазар (пристапено на 22.12.2019)
  14. Официјално мрежно место на Банката на Албанија (пристапено на 22.12.2019)
  15. Официјално мрежно место на Банката на Албанија, Задолжителна резерва (пристапено на 22.12.2019)
  16. Официјално мрежно место на Банката на Албанија (пристапено на 22.12.2019)

Read other articles:

מלחמת בזק (בגרמנית: Blitzkrieg, בְּלִיצְקְרִיג) היא אם תורת הלחימה (תול) ההתקפית המודרנית. לוחמה ממוכנת מבוססת תמרונים. עקרונותיה מבוססים על תנועה והתקדמות מהירה תוך ניצול כוח האש הגדול של כלי רכב ממונעים: טנקים ומטוסים, שנועד לשבור את קווי ההגנה של היריב, להשתלט על נקודות מפתח, ו...

 

たかぎ れに高城 れに 桜を見る会にて(2019年4月13日)生年月日 (1993-06-21) 1993年6月21日(30歳)出生地 日本・神奈川県身長 158 cm[1]血液型 O型職業 歌手、タレント、女優活動期間 2007年 -配偶者 宇佐見真吾(2022年 - )事務所 スターダストプロモーション公式サイト 高城れに (@takagireni_official) - Instagram主な作品 映画『幕が上がる』テレビドラマ『彼女が成仏できない理

 

Weißenhof DürnhofVorlage:Infobox Ortsteil einer Gemeinde in Deutschland/Wartung/Alternativname Große Kreisstadt Weißenburg in Bayern Koordinaten: 49° 2′ N, 10° 57′ O49.0322610.94657420Koordinaten: 49° 1′ 56″ N, 10° 56′ 48″ O Höhe: 420 m ü. NHN Einwohner: 21 (1970)[1] Postleitzahl: 91781 Vorwahl: 09141 Weißenhof ist ein Gemeindeteil der Großen Kreisstadt Weißenburg in Bayern im Landkreis Wei...

Esta página cita fontes, mas que não cobrem todo o conteúdo. Ajude a inserir referências. Conteúdo não verificável pode ser removido.—Encontre fontes: ABW  • CAPES  • Google (N • L • A) (Setembro de 2018) As referências deste artigo necessitam de formatação. Por favor, utilize fontes apropriadas contendo título, autor e data para que o verbete permaneça verificável. (Setembro de 2018) Vista da Marina de Dubai Futuris...

 

Type of béchamel sauce including cheese Mornay sauceMornay sauce over an orecchiette pasta dishTypeSaucePlace of originFranceMain ingredientsBéchamel sauce, Gruyère Cookbook: Sauce Mornay  Media: Mornay sauce A Mornay sauce is a béchamel sauce with shredded or grated cheese added.[1][2] Some variations use different combinations of Gruyère, Emmental cheese, white cheddar[3] or even Parmesan cheese.[4] A Mornay sauce made with cheddar is commonly u...

 

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (أبريل 2019) ماو يي معلومات شخصية الميلاد 16 سبتمبر 1999 (24 سنة)  مواطنة الصين  الطول 1.51 متر  الوزن 35 كيلوغرام  الحياة العملية المهنة لاعبة جمباز فني  الرياضة جمب...

World Wrestling Entertainment pay-per-view event SummerSlamPromotional poster featuring various WWE wrestlersPromotionWorld Wrestling EntertainmentBrand(s)RawSmackDownECWDateAugust 23, 2009CityLos Angeles, CaliforniaVenueStaples CenterAttendance17,129[1]Buy rate369,000[1]Tagline(s)The Biggest Event of the SummerPay-per-view chronology ← PreviousNight of Champions Next →Breaking Point SummerSlam chronology ← Previous2008 Next →2010 The 2009 SummerSla...

 

Go-MomozonoKaisar Jepang ke-118Go-MomozonoBerkuasa1771–1779PendahuluGo-SakuramachiPenerusKōkakuKelahiran5 Agustus 1758Kematian16 Desember 1779 (usia 21)PemakamanTsukinowa no misasagi (Kyoto) Kaisar Go-Momozono (後桃園天皇code: ja is deprecated , Go-Momozono-tennō, 5 Agustus 1758 – 16 Desember 1779) adalah kaisar Jepang ke-118 .[1] Genealogi Ia adalah putra sulung dari Kaisar Momozono. Catatan ^ Imperial Household Agency (Kunaichō): 後桃園天皇 (118) Diarsipkan 2017-09-...

 

Season of television series TorikoCover of the first DVD volume released by Happinet Pictures in Japan on August 2, 2011.Country of originJapanNo. of episodes147ReleaseOriginal networkFuji TelevisionOriginal releaseApril 3, 2011 (2011-04-03) –March 30, 2014 (2014-03-30) Toriko is an anime series adapted from the manga of the same title by Mitsutoshi Shimabukuro, produced by Toei Animation and directed by Akifumi Zako.[1] The series follows the adventures of Toriko and...

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Sierra Leone men's national basketball team – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (April 2023) (Learn how and when to remove this template message) Sierra Leone Joined FIBA1991FIBA zoneFIBA AfricaNational federationSierra Leone National Basketball Feder...

 

American politician Howard SutherlandSutherland as a U.S. SenatorUnited States Senatorfrom West VirginiaIn officeMarch 4, 1917 – March 3, 1923Preceded byWilliam E. ChiltonSucceeded byMatthew M. NeelyMember of the U.S. House of Representativesfrom West Virginia's at-large districtIn officeMarch 4, 1913 – March 3, 1917Preceded byDistrict createdSucceeded byDistrict eliminatedMember of the West Virginia State SenateIn office1909–1913 Personal detailsBorn(1865-...

 

De periferie van het Duits in het Duitse taallandschap.Grootste taalgroep per gemeente bij de volkstelling van 2001: groen = Duits, rood en okergeel = Italiaans, blauw = Ladinisch Bevolking naar taalgroep 1910 - 2001 Zuid-Tirol (Duits: Südtirol; Italiaans: Alto Adige; Ladinisch: Südtirol) is het zuidelijke deel van de landstreek Tirol en de meest noordelijke autonome provincie van Italië, onderdeel van de regio Trentino-Zuid-Tirol. Het gebied telt 503.000 inwoners op een oppervlakte van 74...

Large crocodilian reptile Not to be confused with the American crocodile. American alligatorTemporal range: Miocene–Recent, 8–0 Ma[1] PreꞒ Ꞓ O S D C P T J K Pg N At the Columbus Zoo and Aquarium in Powell, Ohio Conservation status Least Concern (IUCN 3.1)[2] CITES Appendix II (CITES)[3] Scientific classification Domain: Eukaryota Kingdom: Animalia Phylum: Chordata Class: Reptilia Order: Crocodilia Family: Alligatoridae Subfamily: Alligatorinae Ge...

 

This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article includes a list of general references, but it lacks sufficient corresponding inline citations. Please help to improve this article by introducing more precise citations. (May 2020) (Learn how and when to remove this template message)This article may rely excessively on sources too closely associated with the subject, potentially...

 

American beach volleyball player Sean RosenthalSean Rosenthal at the 2017 AVP Austin OpenPersonal informationFull nameSean Michael RosenthalNicknameSupermanNationality United StatesBorn (1980-06-19) June 19, 1980 (age 43)Torrance, California, USAHometownRedondo Beach, California, USAHeight6 ft 3 in (1.91 m) Sean Michael Rosenthal (born June 19, 1980) is an American beach volleyball player, playing as a defender.[1] He is best known for his high leaping ab...

This article is about the locality within the postcode 3220 in Victoria, Australia. For the surrounding metropolitan area, see Geelong. For the local government area, see City of Greater Geelong. For the location's former local government area with the name, see City of Geelong. Suburb of Geelong, Victoria, AustraliaGeelongGeelong, VictoriaCorner of Moorabool and Malop Streets, GeelongGeelongCoordinates38°09′35″S 144°21′52″E / 38.15972°S 144.36444°E / ...

 

Polynesian ethnic group Indigenous to French Polynesia This article is about indigenous people of Tahiti. For other uses, see Tahitian. Tahitians (Māʼohi)Taʼata Tahiti (Maʼohi)TahitiensTahitian girlsTotal populationc. 185,000(Ethnic Tahitians worldwide)Regions with significant populations French Polynesia   178,133(on Tahiti only, August 2007 census) United States5,062 (2010)[1] New Zealand1,737 (2018)[2]LanguagesTahitian, FrenchReligionPredom...

 

Вибух на центральному ринку ГрозногоЧастина Друга російсько-чеченська війна Місце атаки Грозний, ЧечняКоординати 43°21′ пн. ш. 45°39′ сх. д. / 43.350° пн. ш. 45.650° сх. д. / 43.350; 45.650Мета атаки Різні цивільні та урядові/військові ціліДата 21 жовтня 1999 ...

Canadian ice hockey player Ice hockey player Wade Flaherty Flaherty with the Manitoba Moose in 2006Born (1968-01-11) January 11, 1968 (age 55)Terrace, British Columbia, CanadaHeight 6 ft 0 in (183 cm)Weight 190 lb (86 kg; 13 st 8 lb)Position GoaltenderCaught LeftPlayed for San Jose SharksNew York IslandersTampa Bay LightningFlorida PanthersNashville PredatorsChina SharksNHL Draft 181st overall, 1988Buffalo SabresPlaying career 1989–2009 Wade Flahe...

 

American labor lawyer and politician This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Joseph Arthur Padway – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (September 2018) (Learn how and when to remove this template message) Joseph Arthur Padway (July 25, 1891 – October 9, 1947) was an American labor lawy...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!