Бане Андреев

Бане Андреев - Ронката

Бане Андреев - Ронката (Велес, 12 август 1905 - Белград, 31 октомври 1980[1]) — македонски комунист, учесник во НОБ и повоен министер во сојузната влада. Репресиран е за време на Информбирото. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Помеѓу двете светски војни

Бане Андреев завршил основно училиште и гимназија во Велес. Во 1922 година станува член на СКОЈ, а во 1923 година на КПЈ. Во 1924 година станува член на Месниот комитет на КПЈ за Велес и на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Учествува како делегат на Покраинската конференција на СКОЈ за Македонија, а во 1926 година е избран за член на ЦК на СКОЈ. Во август 1926 година е уапсен, но во април 1927 година, по осум-месечен притвор, е ослободен.

Студира на Белградскиот универзитет. Поради активностите во СКОЈ е следен од полицијата и, во големата провала на комунистите во Белград, ноќта помеѓу 11 и 12 јануари 1929 година е уапсен и во мај истата година е осуден на 15 години според Законот за заштита на државата. Ја издржува казната во Лепоглава и Сремска Митровица, откаде бега на 22 август 1941 година, заедно со поголема група комунисти.

Во 1939 година Кочо Рацин нему му ја посветува песната „Татунчо“ од стихозбирката „Бели мугри“, преку посветата пред песната „На Бана“.[2]

НОБ

Полномошно на Бане Андреев - Ронката, од членови на АВНОЈ од Македонија за застапување, гласање и донесување на решенија во нивно име за проблемите што ќе се решаваат во АВНОЈ.

По случувањата со Методија Шаторов - Шарло, во септември 1941 година е составен нов ПК на КПЈ за Македонија во состав: Лазар Колишевски, Бане Андреев, Борка Талески, Благоја Јанков, Вера Ацева и Мара Нацева. На чело на ПК е поставен Лазар Колишевски, но во текот на ноември 1941 г. тој е притворен од полицијата и на негово место доаѓа Бане Андреев. Тој продолжува да го води Покраинскиот комитет по патот на Шарло. Во пролетта 1942 година под негово раководство биле формирани велешкиот, прилепскиот, преспанскиот и крушевскиот партизански одред. Еден од поголемите во тоа време беше велешкиот одред формиран на 21 април 1942 година на Лисец. Видниот комунистички раководител во Македонија Мирче Ацев со свое писмо до ЦК на КПЈ од 9 август 1942 г. соопштува дека новото раководство на чело со Бане Андреев, после затворањето на Колишевски оди по патот на Шаторов, заземајќи став дека:

«...Македонскиот народ уште ја нема изживеано својата илузија за ослободување, дека уште им верува на бугарските власти..., дека нема услови ниту објективни, ниту субјективни за водење на партизанска војна, од тоа призлегува дека не треба да создаваме партизански отреди...Продолжи политиката на Шаторовото раководство, таа дури се продлабочи.»

Југословенското комунистичко раководство е незадоволно од своите неуспеси во Македонија и неможноста да ги изолира македонските комунисти од Бугарија. На 16 јануари Тито изпраќа писмо до македонските комунисти во кое кажува:

Главните одлики на партиската организација во Македонија се следните: Несигурноста во спроведувањето на политичката линија на нашата партија, колебање во нејзиното преименување на практика, организациона бркотница и слабост, мек однос спрема колебливите, странски опуртунистички и непартиски елементи внатре во партијата, тесно поставување на прашањето за слобода и независност на македонскиот народ, необврзаност на народните маси во водењето на акции, неизживеаност и либерален однос спрема автономичките тенденции од организациско партиен карактер, како и автономистичките тенденции од национален карактер!

Поради сите овие случувања во ПК на КПЈ за Македонија, во Македонија се испратени инструктори од Србија и Црна Гора. Така, прв пристигнува инструкторот на ЦК на КПЈ Добривое Радославлевиќ, а во текот на февруари 1943 и Светозар Вукмановиќ-Темпо – делегат на ЦК на КПЈ.

Од јуни 1943 година Бане Андреев бил избран за член на Централниот Комитет на новоформираната Комунистичка партија на Македонија. Централниот Комитет на КПМ е во состав: Лазар Колишевски (не присуствувал на своето избирање) – полит. секретар, Мара Нацева – орг. секретар, членови: Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев.

Во април 1943 година Бане Андреев е уапсен од бугарската полиција во Битола и до ноември истата година е интерниран во Северна Бугарија (село Шијаково). Во 1944 година е избран за член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а подоцна и за потпретседател на АСНОМ. Тој има и свое обраќање на денот на Заседанието на АСНОМ. Во рефератот кој е колективен труд на Иницијативниот одбор и на членови на ЦК КПМ и Главниот штаб на НОВ и ПОМ, меѓу друго се вели:

...На овој историски ден, на Илинден 1944 година, судбоносен за развитието на македонскиот народ, се состануе првото во историјата на нашиот народ Народно собрание - АСНОМ, како симбол на национална слобода и прокламатор на првата во историјата после Самуилоа македонска држава кое претставува кулминациона точка и е преломен момент во историјата на нашиот народ, кој ќе почне една нова епоха, епоха на творческа работа, национален живот, епоха на напредок. Во овој свет историски момент требе да кажеме оти македонскиот народ през векови тежки борби и натчовечни напреженија везден имал пред очите слободата на целиот македонски народ во рамки на слободна македонска држава. Во овој момент, кога целиот борчески пиемонт во Македонија е ангажиран во борбата против фашискиот окупатор, тој ги кани и останалите два дела на македонскиот народ да влезат во големиот антифашиски фронт, дека това е едниот пат за спечелување на правото на самоопределение и дека това е единствениот начин за обединение на целиот македонски народ во слободната заедница на слободните народи на Југославија. Борческиот пиемонт на Македонија тржествено прокламира оти нема да откаже никаква помош и нема да жали никакви жертви за ослободуене и на другите два дела на нашиот народ и за општото обединение на целиот македонски народ. Ако се знае оти борческиот пиемонт на Македонија е дел на Титова Југославија, тогај ќе стане јасно колку голема може да биде нашата помош и колку тврдо е нашето желание за обединението на целиот наш народ.

Меѓу другото во истиот реферат вели:

...Правото на македонскиот народ оди до самоопределуене, отцепуене и присаединуене со други народи.

По ослободувањето

По ослободувањето, во март 1945 година е назначен за министер за рударство во Привремената влада на Демократска федеративна Југославија. На изборите за Уставотворното собрание во ноември 1945 година е избран за пратеник. По формирањето на првата Влада на ФНРЈ, повторно е избран за министер за рударство.

На Петтиот конгрес на КПЈ во јули 1948 година е избран за кандидат за член на ЦК КПЈ, а на Првиот конгрес на КПМ во декември истата година е избран за член на Централниот комитет.

Поради сомнеж дека прикриено ја поддржува политиката на Советскиот Сојуз и на Резолуцијата на Информбирото, Андреев на 16 јуни 1949 година пишува изјава во „Борба“ во која ја искажува својата верност на југословенската партија.[3] Сепак, наскоро е уапсен, по што на 17 јануари 1950 година е исклучен од КПЈ[4] и е разрешен од сите политички функции.

Ги ревидира своите ставови во однос на судирот со СССР и подоцна повторно е примен во СКЈ. Се вработува во Институтот за економски истражувања на Србија, каде работи повлечено од државно-политичките збиднувања до своето пензионирање во 1965 година.[5] Починал во Скопје во 1980 година.

Поврзано

Наводи

  1. С. Николов „Бане Андреев - Ронката“, „Вардарски глас“, 13 ноември 1980, 11 стр.
  2. Блаже Конески „За Кочо Рацин: есеи, беседи, прилози“, „Култура“, Скопје, 1994, 80 стр.
  3. Ivo Banac "Sa Staljinom protiv Tita", "Globus", Zagreb, 1990, 190 str.
  4. Димче Најчески „Голооточки сведоштва“, Скопје, 2002, книга втора, 92 стр.
  5. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 60-61 стр.

Литература

  • Бане Андреев „Сеќавања“, „Нова Македонија“, 2-16 септември 1989.

Надворешни врски

Read other articles:

Queen of Spain and Portugal from 1599 to 1611 For other people named Margaret of Austria, see Margaret of Austria (disambiguation). Margaret of AustriaPortrait by Juan Pantoja de la Cruz c.1607Queen consort of Spain and PortugalTenure18 April 1599 – 3 October 1611Born(1584-12-25)25 December 1584Graz, AustriaDied3 October 1611(1611-10-03) (aged 26)San Lorenzo de El Escorial, SpainBurialEl EscorialSpouse Philip III of Spain ​(m. 1599)​Issue Anne, Queen of Fra...

 

В Википедии есть статьи о других людях с фамилией Губерман. Давид Миронович Губерман Дата рождения 9 июля 1929(1929-07-09) Место рождения Харьков, СССР Дата смерти 14 октября 2011(2011-10-14) (82 года) Место смерти Москва, Россия Страна  СССР Россия Научная сфера Геология Место работы...

 

Television channel Lumiere MoviesLumiere Movies LogoCountryIndiaBroadcast areaSouth Asia, particularly IndiaHeadquartersMumbai, Maharashtra, IndiaProgrammingLanguage(s)English (subtitles)Picture format480i (SDTV)720p (HDTV)OwnershipOwnerTurner Broadcasting System (WarnerMedia)HistoryLaunched2009Closed2012 Lumière Movies was an Indian 24-hour movie channel dedicated to foreign films owned by Turner Broadcasting System (a subsidiary of Time Warner) based in Mumbai.[1] The channel was l...

Airport in Jodhpur, India Jodhpur AirportIATA: JDHICAO: VIJOSummaryAirport typeMilitary/PublicOperatorAirports Authority of IndiaServesJodhpurLocationJodhpur, Rajasthan, IndiaElevation AMSL216 m / 710 ftCoordinates26°15′26″N 073°03′06″E / 26.25722°N 73.05167°E / 26.25722; 73.05167WebsiteJodhpur AirportMapJDHShow map of RajasthanJDHShow map of IndiaRunways Direction Length Surface m ft 05/23 2,744 9,002 Concrete/Asphalt Statistics (April 2022 ...

 

All Elite Wrestling pay-per-view event Full GearPromotional poster featuring Jon Moxley and MJFPromotionAll Elite WrestlingDateNovember 19, 2022CityNewark, New JerseyVenuePrudential CenterAttendance12,106[1]Buy rate140,000[2]Pay-per-view chronology ← PreviousAll Out Next →Revolution Full Gear chronology ← Previous2021 Next →2023 The 2022 Full Gear was the fourth annual Full Gear professional wrestling pay-per-view (PPV) event produced by All Elite W...

 

Short story by Robert E. HowardThe Shadow KingdomShort story by Robert E. HowardCountryUnited StatesLanguageEnglishGenre(s)Sword and sorceryPublicationPublished inWeird TalesPublication dateAugust 1929ChronologySeriesKull  —   The Mirrors of Tuzun Thune The Shadow Kingdom is a fantasy novelette by American writer Robert E. Howard, the first of his Kull stories, set in his fictional Thurian Age. It was first published in the pulp magazine Weird Tales in August 1929. The sto...

село Миколаївка Николаевка Країна  Росія Суб'єкт Російської Федерації Воронезька область Муніципальний район Лискинський район Поселення Петропавловське сільське поселення Код ЗКАТУ: 20221844005 Код ЗКТМО: 20621444116 Основні дані Населення 80 (2010)[1] Поштовий індекс 397924 Те...

 

2017 mixtape by Playboi Carti Playboi CartiMixtape by Playboi CartiReleasedApril 14, 2017 (2017-04-14)Recorded2016–2017Studio Various Surf School Studios, New YorkMeans St. Studios, AtlantaRicci Studio and House of Hit Studios, Los AngelesDowntown Studios, Soho GenreHip hopTrapCloud rap[1]PluggLength46:50LabelAWGEInterscopeProducerRakim Mayers (exec.)Chace Johnson (exec.)Harry FraudHit-BoyJ. Cash BeatzJake OneJStewOnTheBeatK-MajorKasimGotJuiceMexikoDroMurphy KidPi...

 

European telecommunications company UPC HoldingTypePrivate companyIndustryTelecommunicationsPredecessorPhilipsFounded1995 as United Philips CableAmsterdam, NetherlandsFounderUnited International HoldingsPhilipsSuccessorLiberty GlobalHeadquartersAmsterdam, NetherlandsArea servedEuropeServicesCable televisionBroadband internetFixed-line telephoneOwnerLiberty GlobalSubsidiariesUPC SlovakiaUPC SwitzerlandUPC NetherlandsUPC RomaniaUPC HungaryUPC SwedenUPC NorwayMerkur-ArenaUPC AutomobilesUPC Austr...

   — Країни, які офіційно визнали Голодомор актом геноциду.    — Країни, які офіційно засудили Голодомор, як акт винищення людства.    — Країни, які офіційно не визнали Голодомор актом геноциду. Визнання́ Голодомо́ру геноци́дом — це дія певної політичної...

 

Street in Sheung Wan, Hong Kong Hillier Street, Sheung Wan in October 2007. A snake soup shop on the street in October 2007. Hillier Street (Chinese: 禧利街), is a street in Sheung Wan of Hong Kong Island, Hong Kong, located between Connaught Road Central and Queen's Road Central. Name It was named after Charles Batten Hillier. Hillier was chief magistrate of Hong Kong from 1847 to 1856, and then took up the consulship to Siam but survived there for only a few months before dying of dy...

 

Nokia Lumia 625ManufacturerNokiaSeriesLumiaCompatible networksGSM/GPRS/EDGE HSPA+ LTE Wi-FiFirst releasedJuly 23, 2013Availability by regionAugust 2013DiscontinuedApril 2015PredecessorNokia Lumia 620[1]SuccessorNokia Lumia 630/635[2][3]RelatedNokia Lumia 1320TypeSmartphoneForm factorTouchscreen SlateDimensions133.25 mm (5.246 in) H 72.25 mm (2.844 in) W 9.15 mm (0.360 in) DMass159 g (5.6 oz)Operating systemWindows Phone 8System-o...

Stadium in North Macedonia Boris Trajkovski Stadium (Macedonian Cyrillic: Стадион Борис Трајковски) is a football stadium in Skopje, North Macedonia. It is named after former president Boris Trajkovski and is currently the home of FK Madžari Solidarnost and FK Vardar for alternate venue used. The stadium seats 3,000 people, including 100 VIP seats and press section of 60.[1] References ^ Stadion Boris Trajkovski – StadiumDB.com. stadiumdb.com. Retrieved 2016-0...

 

Tajik Stadium This article does not cite any sources. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: TALCO Arena – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (May 2010) (Learn how and when to remove this template message) TALCO ArenaTALCO ArenaLocationTursunzade, TajikistanOwnerRegar-TadAZOperatorRegar-TadAZCapacity13,770Field size111 yards (101 m) by 74 yar...

 

Serbia Election Politics of Serbia Constitution Constitutional Court President: Snežana Marković Executive President (list) Aleksandar Vučić Government Prime Minister Ana Brnabić First Deputy Prime Minister Ivica Dačić Legislature National Assembly President: Vladimir Orlić Current membership Judiciary Supreme Court President: Jasmina Vasović Elections Recent elections Presidential: 20172022 Parliamentary: 20222023 Provincial: 20202023 Local: 20222023 Political parties Administrative...

Academy that sought to professionalize the artists working for the French court Académie Royale redirects here. For other uses, see Royal Academy of Fine Arts, Brussels and Royal Academies for Science and the Arts of Belgium. A meeting of the Académie Royale de Peinture et de Sculpture at the Louvre Palace (c. 1712–21) by Jean-Baptiste Martin The Embarkation for Cythera, 1717, was Antoine Watteau's reception piece for the Académie royale de peinture et de sculpture. The Académie r...

 

Opera by Antonio Salieri This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Falstaff Salieri – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (June 2018) (Learn how and when to remove this template message) FalstaffDramma giocoso by Antonio SalieriAntonio Salieri, portrait by Joseph Willibrord Mähler, 1815Tr...

 

Chinese politician In this Chinese name, the family name is Wang. Wang Jianjun王建军Wang in 2019Chairman of Qinghai Provincial People's CongressIn office21 September 2018 – 28 May 2022Preceded byWang GuoshengSucceeded byXin ChangxingCommunist Party Secretary of QinghaiIn officeMarch 2018 – March 2022DeputyLiu Ning (Governor)Preceded byWang GuoshengSucceeded byXin ChangxingGovernor of QinghaiIn officeDecember 2016 – August 2018Preceded byHao PengSucceeded by...

Money MarkMoney Mark nel 2007. Nazionalità Stati Uniti GenereFunkHip hopIndie rockJazzMusica elettronicaPopRockTrip hop Periodo di attività musicale1992 – in attività EtichettaBrushfire Records Album pubblicati5 Studio4 Live1 Raccolte0 Sito ufficiale Modifica dati su Wikidata · Manuale Money Mark, pseudonimo di Mark Ramos Nishita (Detroit, 10 febbraio 1960), è un musicista, produttore discografico e attore statunitense. È da molti considerato il quarto Bea...

 

  此条目页的主題是1986年电影《孙中山》。关于其他同名条目,請見「孙中山 (消歧义)」。 孙中山Dr. Sun Yat-Sen海报基本资料导演丁荫楠李叶宇刘宝林监制孙长城制片徐建平、刘丞芳编剧贺梦凡张磊主演刘文治张燕王咏歌配乐施万春摄影王亨里侯咏于晓群剪辑冯慧林严秀英制片商珠江电影制片厂片长150分钟产地 中国大陆语言普通話上映及发行上映日期1986年(中国大陆...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!