Општината Бад Цвишенан се наоѓа во југоисточниот дел на округот Амерланд. Главното место на општината е истоименото место, кое е сместено на Цвишенанското Езеро, каде се наоѓа и општинската управа.
Главното место Бад Цвишенан денес има изглед на мал современ град со пешачка зона, променада, продавници и ресторани.
Соседни општини
Општината Бад Цвишенан се граничи на североисток со општината Вифелштеде, на југоисток со градот Олденбург, на југ со општината Едевехт и на северозапад со окружниот град Вестерштеде.
Општински единици
Општината Бад Цвишенан се состои од 18 единици:[2]
Ашхаузен
Бад Цвишенан
Бло
Деникхорст
Екерн
Елмендорф
Хеле
Кајхаузен
Кајхаузерфелд
Офен
Орвеге
Петерсфен I
Петерсфен II
Роструп I
Роструп II
Шпекен
Венен
Вестерхолтсфелде
Историја
Во текот на Втората светска војна, Бад Цвишенан бил седиште на најголемата база на Луфтвафе во северниот дел на Германија. Воздухопловната база била жестоко бомбардирана. По војната, базата била претворена во терен за голф.
Стопанство
Главни стопански дејности во Бад Цвишенан се дрвната индустрија, прехранбената индустрија, како и туризмот.
Сообраќај
Железничката станица во Бад Цвишенан се наоѓа на железничката линија Олденбург-Лер и има редовни регионални возови.
Во Цвишенанското Езеро постојат редовни фериботски линии од Бад Цвишенан до Драјберген и Роструп.[3]