Бад Залцунген (германски: Bad Salzungen) — град во Тирингија, Германија. Тој е административно седиште на округот Вартбург. Се наоѓа на реката Вера, 5 километри источно од Тифенорт и 20 километри јужно од Ајзенах. Близу градот се наоѓаат касарни на Бундесверот („Werratal-Kaserne“), кои биле изградени во 1972 за армијата на ГДР.