Бад Берка

Бад Берка
Грб на Бад Берка
Бад Берка во рамките на Германија
Бад Берка
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Вајмар
Градски единици 9
Градоначалник Томас Либетрау
Основни податоци
Површина 55,27 км2
Надм. височина 275 м
Население 7.355 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 133 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AP
Пошт. бр. 99438
Повик. бр. 036458
Портал Бад Берка
Местоположба на градот Бад Берка во рамките на округот Вајмар
Карта
Карта
Координати 50°54′0″N 11°16′51″E / 50.90000° СГШ; 11.28083° ИГД / 50.90000; 11.28083

Бад Берка (германски: Bad Berka) — германски град, кој се наоѓа во јужниот дел на покраината Тирингија. Со скоро 8.000 жители Бад Берка е втор најголем град во округот Вајмар (по Аполда, 23.000). Реката Илм тече низ градот.

Бад Берка е бањски град со извори богати со железо и објекти на Kneipp. Во 2002, градот добил награда од покраината за бањски град. Со цел лечење на туберкулоза била изградена клиника во 1952. Ова било почетокот на главниот економски сектор на градот. Централната клинија на Бад Берка има постигнато углед како центар за медицински испитување и надвор од границите на Германија. Исто така, била изградена и клиника за рехабилитација по падот на Берлинскиот Ѕид.

Поради близината на културниот главен град Вајмар и поврзаноста со бројни историски личности, Бад Берка е исто така популарен помеѓу туристите. Помеѓу 1812 и 1828, Гете неколкупати го посетил неговиот пријател Хајнрих Фридрих Шиц.

Други поголеми градови во близина се Јена (20 км на североисток), Ерфурт (20 км северозапад) и Вајмар (12 км на север).

Историја

Во 1251, бил основан цистерцијански манастир во Бад Берка, а во 1813 била основа бања од сулфур. Во 1945, Бад Берка бил дел од нафтената кампања во Втората светска војна.

Збратимени градови

Бад Берка е збратимен со:

Наводи

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!