Бад Абах ― гратче и општина во германската покраина Баварија, во Долна Баварија во округот Келхајм. Лежи на Дунав, на околу 9 километри јужно од Регенсбург.
Населени места
- Бад Абах
- Динцлинг
- Појкам
- Пејзинг
- Оберндорф
- Ленгфелд
- Залхаупт
Историја
Според Авентино, царот Хајнрих II бил роден овде на 6 мај 973 година. Овој извештај бил и првото спомнување на селото. Во 1210 година, војводата Лудвиг I Баварски му доделил на селото право да има пазар.
Месните извори на сулфур биле познати најдоцна од 1262 година, кога првпат биле споменувани во изворите. Во 1532 година, тука бил лекуван императорот Карло V
Инфраструктура
Градот имал постојка на Дунавската железница од Регенсбург до Улм, но се наоѓал на неколку километри од центарот на селото, во делот Ленгфелд од селото.
Низ градот минувала Дунавската велосипедска патека.
Познати лица родени во Бад Абах
Наводи
Надворешни врски