Националната знаменитост „Ацтечки рушевини“ (англ. Aztec Ruins National Monument) е зачувано археолошко наоѓалиште со рушевини од културата на индијанскиот народ Пуебло во северозападно Ново Мексико, САД, кај гратчето Ацтек и североисточно од местото Фармингтон, близу реката Анимас. Недалеку од ова место на југ се наоѓаат итн. Салмонови рушевини и културно-историски парк, со други стари рушевини од оваа култура. Најблиско населено место до овие рушевини е Блумфилд, близу реката Сан Хуан.
Градбите датираат од XI и XIII век. Кон средината на XIX век, со доаѓањето на првите американски доселеници, овие рушевини погрешно им биле припишани на Ацтеките.
Првото наоѓалиште е прогласено за Национална знаменитост на САД на 24 јануари 1923, а во 1928 г. е променета границата за да го опфати и второто наоѓалиште. Сопственик на местата е Службата за национални паркови, која на 15 октомври, 1966 наоѓалиштето го завела во Националниот регистар на историски места на САД. На 8 декември, 1987 УНЕСКО го прогласува наоѓалиштето за светско наследство, како дел од поголемиот Национален историски парк на културата Чако.
Наводи
- The National Parks: Index 2001–2003. Washington: U.S. Department of the Interior.
Надворешни врски