Археолошки музеј (Солун)

Археолошки музеј - Солун
Αρχαιολογικό Μουσείο Θεσσαλονίκης
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Основан1912
МестоСолун, Егејска Македонија, Грција
Координати48°51′36″N 2°19′37″E / 48.860° СГШ; 2.327° ИГД / 48.860; 2.327
Типархеолошки
ДиректорПоликсена Адам-Велени
Мреж. местоamth.gr

Археолошки музеј - Солунмузеј во Солун, Егејска Македонија посветен на археолошката оставнина на древна Македонија и римскиот период пронајдени во и околу градот Солун, но и пошироко во Егејска Македонија. Претставени се како грчки, согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија.

Зграда и поставки

Музејската зграда е изградена во 1962 г. модернистички стил и е дело на архитектот Патроклос Карантинос. Во 1980 г. е доградено ново крило, посветено на наодите од Кралската гробница во Кутлеш, каде истите се чувале до 1997 г. Музејот е реновиран во периодот од 2001 до 2004 г. воочи олимпијадата во Атина, а трајните поставки се преуредени.

Статуа на Харпократ

Средишните простории се посветени претежно на наодите од градот Солун и Егејска Македонија пошироко. Во поновото крило се сместени две поставки. Првата е наречена „Златото на Македон“ и опфаќа наоди од гробниците во Текелиево, Ново Село, Нареш, Кожанско, Дервент, (древниот град Лете) Сер и Ашиклар. Втората е наречена „Солун во праисторијата“, каде се изложени наоди од праисториски населби од младото камено време (неолит) и бронзеното време. Во овој дел се поставени и скулптурите од архаичнниот до доцноримскиот период. Тука се поставени и елементи од древномакедонски храм од VI век п.н.е. во јонски стил, наодите од дворецот на римскиот цар Галериј во центарот на Солун и реконструкција на кралската македонска гробница од Ново Село со изворни архитектонски елементи и златни наоди од Текелиево од архаично и класично време.

Оддел „Златото на Македон“

Одделот „Златото на Македон“ е посветено на наодите во злато како пример за материјалната култура на древна Македонија од VI век п.н.е. до 148 п.н.е. Изложени се бројни парчиња накит, украси за облека, златни и позлатени предмети, садови и монети и објаснета е тогашната техника на добивање на рудата и изработка на накитот. Опишана е и улогата на овие предмети во погребните обреди на старите Македонци.

Оддел „Солун во праисторијата“

Одделот „Солун во праисторијата“ се обидува да го престстави крајбрежјето на Солунскиот Залив какво што било пред основањето на градот Солун од кралот Касандар. Претставени се првите ископувања извршени од британски и француски единици на Солунскиот фронт и наоди од најважните наоѓалишта како Седес, Царево Село, Лембет, Даутбал, Гвоздово, Тумба и Кастања, поделени на три периоди — младото камено време, старото бронзено и младото бронзено време.[1]

Значајни предмети

Делови од мермерен саркофаг со лов на диви свињи

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

40°37′30″N 22°57′13″E / 40.62500° СГШ; 22.95361° ИГД / 40.62500; 22.95361

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!