Антон Драндар

Антон Драндар
Роден 1837
Велес
Починал 25 март 1925
Софија, Бугарија

Антон Хаџигеоргиев Драндар (ce потпишувал co псевдонимот А. Брутус) бил бугарски општественик од македонско етничко потекло, правник, трговец, новинар и публицист [1]; македонски национален деец.

Објавил повеќе публицистички трудови, меѓу кои и книгите „Положбата на христијаните во Македонија“ (1867), „Турската администрација во Македонија“ (1868) и друго. Брошурата „По повод едно движење во Македонија“ објавена во Брисел, во 1900 година, под псевдонимот А. Брутус, е посебно значајна за македонскиот народ.

Драндар книгите ги пишува на француски јазик и како ретко кој, покажува одлично познавање на традициите и дипломатијата. Но, иако секогаш бил близок со бугарскиот двор, неговите дела кои се наоѓаат во сите познати светски библиотеки, никогаш не биле преведени на бугарски. Константин Иричек, бугарски политичар од чешко потекло, во 1880-те за Драндар забележал дека не го научил бугарскиот јазик и постојано говорел македонски:

“Помяновъ разправя историйки за своя съотечественикъ Драндаръ, какъ знаелъ (или не знаелъ) 10 езика, въ Пеща искалъ да издава 10 езиченъ речникъ (въ Národní Listy имаше съобщение за него подъ надсловъ „Сѫщо речкикъ"), какъ не знаелъ дори свѣстно нѣмски; и български не се научилъ, говори македонски: нечумъ да сборувамъ така, живувамъ си регулато, сутрина станувамъ отъ кревато и испивамъ си чайо." [2]


Животопис

Антон Драндар е роден во 1837 година во Велес, во семејството на Хаџи Георги и Марија Драндар. Татко му Хаџи Георги во текот на 1836 година добива од Султанот берат за привилегии. Добростоечкото семејство Драндар му овозможува на Антон да се стекне со одлично образование. Во 1850 година, на тринаесет години, татко му го испраќа да учи во Будимпешта, каде завршил средно образование и благороднички лицеј Сони, а потоа право, политика и дипломатија во Виена и Лондон. Во една прилика, употребувајќи ја фразата на Филип II Македонски кога се обратил на својот син Александар, унгарскиот професор Ченгиери Антал на својот ученик Драндар, му рекол: „Македонија е премногу мала за тебе синко, треба да бараш поголема земја“. По завршувањето на високото образование, Антон Драндар долго време живее во Англија, Франција, Холандија, Белгија, Швајцарија, Шпанија и Германија, каде се оддава на сериозно проучување на политичката организација и карактерот во секоја од овие држави.

Драндар живее 26 години во странство и добро ја запознава европската цивилизација. По враќањето во Македонија извесен период се занимавал со трговија во Солун. Во овој период Антон Драндар зема активно учество во борбата на велешаните против Цариградската патријаршија. Во писмото испратено до Георги Раковски од 17 јуни 1862 година, велешанецот Димитар Каранфилович, пишува:

„....секојдневно се бориме со тукашните сограѓани Бугари, во кои се вкоренил фенерско-грчкиот дух и не може така лесно да се искорени и преправи, но фала му на Бога, постепено се отстранува и можам да кажам, речиси се заборави веќе што е тоа Грк. Ваш од чисто бугарско срце, искрен пријател Д.П. Карамфиловиќ.“[3]

Во текот на втората половина на шеесеттите години на XIX век, Антон Драндар ги објавува публицистичките трудови: „Положбата на христијаните во Македонија“ (Лајпциг 1867) и „Турската администрација во Македонија“ (Лајпциг 1869). По Руско-турската војна во 1878 година, Драндар емигрира во Софија, каде работи како заменик претседател на Градскиот суд, а подоцна во Министерството за надворешни работи го организира првото прес биро во Бугарија. По неуспехот на Македонското востание, уште познато како Кресненско востание, Антон Драндар останува да живее и работи во новоформираното бугарско кнежевство. По една година, Антон Драндар станал дописник на повеќе големи весници од Франција, Германија и Англија, во кој пишува за противречностите на балканската политика. Истовремено во бугарските списанија се осврнува за педагошките прашања.

Во наредните десеттина години публикува уште неколку брошури, меѓу кои: „Кнез Александар Бетенберг во Бугарија, Петте години кнезување“ (Париз, 1884), „Трговските договори и прашањето за даноците и акцизите во Бугарија“ (Париз, 1885), „Политичките настани во Бугарија од 1876 до денешен ден“ (Брисел, 1896), „Положбата на Славјаните и Румуните во Австроунгарија“ (Брисел, 1900) и „По повод едно движење во Македонија“ (Брисел, 1900).

Тој бил назначен за личен секретар на втората жена на бугарскиот кнез Фердинанд, царицата Елеонора фон Ројс – Костриц, со која бугарскиот суверен стапува во брак на 28 февруари 1908 година. Тоа ќе биде предизвик за Драндар да ја публикува брошурата „Бугарија под власта на кнезот Фердинанд“ (Брисел, 1909). За своите заслуги Драндар бил носител на: бугарскиот орден од втор степен „За граѓански заслуги“ (1898, 1907), српскиот орден од трет степен „Свети Сава“ (1899), францускиот златен орден за искуство и наука, орден на Акедемски палми (1900), црногорски орден „Данило“ (1902, 1907), руски орден од втор степен „Свети Станислав“ (1907), орден од втор степен „Свети Александар“ (1917).

Антон Драндар бил почитувана личност и немал непријатели. Иако потекнува од богато семесјтво, тој живее скромно до крајот на живот во Софија, каде умира на 25 март 1925 година.

„По повод едно движење во Македонија“

Антон Драндар и велешанецот Димитар Каранфилович биле мошне блиски со бугарскиот двор. Така да во зависност од условите во кои работел и дејствувал, Антон различно пристапувал кон Македонија и македонското прашање. Сепак тој настојувал поадекватно да го определи политичкото уредување на Македонија и со голема доза на македонистички погледи го поддржувал македонскиот политички сепаратизам. Антон Драндар тоа особено го изразува во својата книга „По повод едно движење во Македонија“ („A Propos d'un Mouvement en Macédoine") објавена во Брисел 1900, под псевдоним: А. Брутус.

Во брошурата Антон Драндар тврди дека престојувал во Македоиија како функционер на една странска држава. Со оглед на позицијата која ја има во Бугарија, сосема е јасно зошто Драндар не изнесува повеќе подробности и ја објавува под псевдоним. Во неа тој ќе напише:

Ако се фрли еден ретроспективен поглед врз историјата на Македонија сè до најдалечните древни времиња, човек останува вчудовиден од големата улога што оваа мала земја, класична земја раг ехсellеnсе, ја играла во светот. ...Од самиoт почеток на историјата, ја гледаме Македонија на чело на нациите. Нејзината репутација е универзална; нејзината слава се шири на четирите страни на светот... Александар Велики, чијашто слава е епска, ги става под своја моќ најголемите царства. Но неговата војска не сее терор, страв и уништување кај варварските народи; напротив, тој им ги донесува свеглините и добродетелите на цивилизацијата...[4][5]

...Македонци наоѓаме на византискиот престол во време кога оваа империја се наоѓа во својот зенит. Сè додека македонската династија ја управуваше судбината на Византија, царството ја зачува својата моќ и беше почитувано од нејзините непријатели. Кога таа династија згасна, малку потоа започна полната декаденција на Византија.

Следејќи го текот на историјата, гледаме како со ист сјај свети ѕвездата на Македонија. Таа ја игра главната улога во преродбата на славјанското племе. Така, двајцата браќа издигнати до апостоли, Кирил и Методиј, предмет на сеопшто восхитување на словенскиот свет, се Македонци, па поради самото постоење на овие двајца апостоли, оваа мала земја станува лулка на словенското племе на кое му дава своја религија и своја уметност...

...Ако Македонија сака да биде свој сопствен господар и господар на својата сопствена судбина; ако денес таа сака да се ослободи од неправедниот тиранин што ја угнетува со векови, и ако утре сака да биде подготвена да се бори против сите оние што би сакале да ја узурпираат нејзината територија и да воспостават своја доминација, потребно е да започне со тоа што ќе ја употреби својата сила за воспоставување на едно нераскинливо национално обединување!...

...Жителите на Македонија не сакаат да бидат присоединети ни кон Бугарија, ни кон Србија, ни кон Грција; тие сакаат, тие силно сакаат, да живеат човечки живот во една автономна земја. Нивна парола е: „Македонија на Македонците“.[6]


Книги и трудови

Портрет на Антон Драндар
  • „Положбата на христијаните во Македонија“, Лајпциг, 1867
  • „Турската администрација во Македонија“, Лајпциг, 1868
  • „Прашањето за капитулациите и избегнувањето на истите во Кнежевството Бугарија“, Париз, 1883
  • „Трговските договори и прашањето на даноците и акцизите во Бугарија“ Париз
  • „Кнез Александар Батенберг во Бугарија. Петте години на Престолот“, Париз, 1884
  • „Политичките збиднувања во Бугарија. Од 1876 до ден денешен“, Брисел, 1896[7]
  • „Положбата на Славјаните и Романците во Австроунгарија” Брисел, 1900
  • „По повод едно движење во Македонија”, Брисел, 1900
  • „Бугарија под власта на Кнез Фердинанд“, 1908

Надворешни врски

Антон Драндар

Наводи

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопjе, 2009, стр. 489.
  2. К. Иречекъ: Български дневникъ, томъ ІI, Октомври 1881 - Октомври 1884
  3. Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, с. 195-196.
  4. „По повод едно движење во Македонија”, Брисел, 1900
  5. Evidence of the Existence of Macedonians Throughout the Ages, стp, 19-20
  6. „По повод едно движење во Македонија”: Les habitants de la Macedoine ne desirent etre annexes ni a la Bulgarie, ni a la Serbie, ni a la Grece; ils desirent, et ils desirent imperieusement, vivre d’une existence humaine dans un autonome. Leur mot de ralliement est: La Macedoine aux Macedoninas... (стр. 56)
  7. Енциклопедия България, том 2, изд. БАН, Софија, 1981, стр. 434

Read other articles:

Juan Carlos MonteagudoInformación personalNacimiento 15 de octubre de 1960 Valencia (España) Fallecimiento 30 de mayo de 1991 (30 años)Llissá de Munt (España) Nacionalidad EspañolaInformación profesionalOcupación Terrorista Miembro de Terra LliureComando BarcelonaEuskadi Ta Askatasuna (1991) [editar datos en Wikidata] Juan Carlos Monteagudo Povo[nota 1]​ (Valencia, 15 de octubre de 1960-Llissá de Munt, 30 de mayo de 1991) fue un terrorista español, miembro de la...

 

Go-SagaGo-Saga, Tenshi Sekkan MieiBerkuasa21 Februari 1242 – 16 Februari 1246PendahuluShijōPenerusGo-FukakusaKelahiran1 April 1220Kematian17 Maret 1272(1272-03-17) (umur 51)PemakamanSaga no minami no Misasagi (Kyoto)WangsaYamatoAyahKaisar TsuchimikadoIbuMinamoto no MichikoAnakKaisar Go-FukakusaPutri OsakoKaisar KameyamaPangeran MasatakaPangeran SadayoshiPangeran MunetakaPangeran Kakujo Hoshinnō Kaisar Go-Saga (後嵯峨天皇 Go-Saga-tennō) (Templat:Lahirmatr) adalah kaisar Jepang k...

 

American geneticist For other people named Stanley Cohen, see Stanley Cohen (disambiguation). Stanley Norman CohenStanley Norman Cohen, 2016Born (1935-02-17) February 17, 1935 (age 88)Perth Amboy, New JerseyNationalityAmericanAlma materRutgers University, University of PennsylvaniaSpouseJoanna Lucy Wolter[1]AwardsNational Medal of Science, Wolf Prize in MedicineScientific careerFieldsGeneticsInstitutionsStanford UniversityDoctoral studentsKelly Ten Hagen Stanley Norman Cohen...

この項目では、高知競馬の調教師(元騎手)について説明しています。長野県出身のシンガーソングライターについては「宮川真衣」をご覧ください。 別府真衣(宮川真衣) 基本情報国籍 日本出身地 高知県生年月日 (1987-12-08) 1987年12月8日(35歳)血液型 O型騎手情報所属団体 高知県競馬組合所属厩舎 別府真司(高知)勝負服 胴赤・青山形一本輪、袖白・赤星散らし初...

 

Kuchenheim Stadt Euskirchen Wappen von Kuchenheim Koordinaten: 50° 39′ N, 6° 50′ O50.6505555555566.8280555555556170Koordinaten: 50° 39′ 2″ N, 6° 49′ 41″ O Höhe: 170 m ü. NHN Fläche: 5,54 km² Einwohner: 3650 (31. Dez. 2022)[1] Bevölkerungsdichte: 659 Einwohner/km² Eingemeindung: 1. Juli 1969 Postleitzahl: 53881 Vorwahl: 02251 Karte Lage von Kuchenheim in Euskirchen Kuchenheim aus ...

 

Montañas Chūgoku Coordenadas 35°22′16″N 133°32′47″E / 35.371111111111, 133.54638888889Localización administrativaPaís JapónDivisión Prefectura de ShimanePrefectura de HyogoPrefectura de HiroshimaPrefectura de OkayamaPrefectura de Tottoriprefectura de YamaguchiCaracterísticas generalesAltitud 1729 metrosTipo de rocas granito[editar datos en Wikidata]Las Montañas Chūgoku (中国山地, Chūgoku Sanchi?) es una cordillera en la región de Chūgoku del...

Keuskupan Agung Buenos AiresArchidioecesis BonaerensisArquidiócesis de Buenos AiresKatolik Katedral Metropolitan Buenos AiresLokasiNegara ArgentinaWilayahBuenos AiresProvinsi gerejawiBuenos AiresStatistikLuas78 sq mi (200 km2)Populasi- Total- Katolik(per 2012)2.917.0002,671,000 (91.6%)Paroki186Imam471InformasiDenominasiKatolik RomaRitusRitus RomaPendirian6 April 1620KatedralKatedral Metropolitan Buenos AiresPelindungNuestra Señora del Buen AireKepemim...

 

هذه المقالة تحتاج للمزيد من الوصلات للمقالات الأخرى للمساعدة في ترابط مقالات الموسوعة. فضلًا ساعد في تحسين هذه المقالة بإضافة وصلات إلى المقالات المتعلقة بها الموجودة في النص الحالي. (أكتوبر 2023) يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة

 

Ethnic group Mozabitesبني مزابPhotograph of a Mozabite, May 19, 1889Total population150,000–300,000 (2015)[1]Regions with significant populationsM'zab valley, AlgeriaLanguagesMozabite and ArabicReligionIbadi Islam[2] and JudaismRelated ethnic groupsOther Berbers[3] The Mozabite people or Banu Mzab (Arabic: بني مزاب) are a Berber ethnic group inhabiting the M'zab natural region in the northern Sahara in Algeria, numbering about 150,000 to 300,000 people....

Species of bird Barbary partridge Alectoris barbara Conservation status Least Concern (IUCN 3.1)[1] Scientific classification Domain: Eukaryota Kingdom: Animalia Phylum: Chordata Class: Aves Order: Galliformes Family: Phasianidae Genus: Alectoris Species: A. barbara Binomial name Alectoris barbara(Bonnaterre, 1790) The Barbary partridge (Alectoris barbara) is a gamebird in the pheasant family (Phasianidae) of the order Galliformes. It is native to North Africa. Distribution ...

 

Pesta Olahraga Asia Tenggara 1987Tuan rumahJakarta IndonesiaJumlah negara8Jumlah atlet6007 (termasuk ofisial)Jumlah disiplin490 dari 16 cabang olahragaUpacara pembukaan9 September 1987Upacara penutupan20 September 1987Dibuka olehSoehartoPresiden IndonesiaJanji atletIr. Effendi SalehPenyalaan oborIr. Effendi SalehTempat utamaStadion Utama Gelora Bung Karno← Bangkok 1985 Kuala Lumpur 1989 → Pesta Olahraga Negara-Negara Asia Tenggara 1987 adalah Pesta Olahraga Negara-Negara Asia...

 

Indian actress and former martial artist Ritika SinghRitika Singh at the launch of the short film I Am SorryNationalityIndianOccupationsActressmartial artistYears active2016—presentAwardsNational Film Award – Special Jury Award Filmfare Award for Best Actress – Tamil Ritika Mohan Singh is an Indian actress and former mixed martial artist who predominantly appears in Tamil films in addition to Hindi, Telugu and Malayalam Language films. After competing for India at the 2009 Asian In...

Fulmine Class overview NameFolgore class Operators Regia Marina Preceded byFreccia class Succeeded byMaestrale class Built1929–1931 In commission1932–1943 Completed4 Lost4 General characteristics (as built) TypeDestroyer Displacement 1,220 long tons (1,240 t) (standard) 2,100 long tons (2,100 t) (full load) Length95.9 m (314 ft 8 in) Beam9.2 m (30 ft 2 in) Draught3.3–4.5 m (10 ft 10 in – 14 ft 9 in...

 

Beachmaster Unit OneBMU-1 InsigniaActiveJuly 13, 1949 - PresentCountry United StatesBranch United States NavyGarrison/HQNAB CoronadoMotto(s)Any Beach, Any TimeColorsyellow patchEngagementsKorean WarVietnam WarOperation Desert StormOperation Iraqi FreedomCommandersCurrentcommanderCommander William AlbertMilitary unit Beachmaster Unit One, (BMU-1) is a United States Navy amphibious beach party unit based at Naval Amphibious Base Coronado in Coronado, California. BMU-1 is the sister un...

 

2011 hijacking of two Chinese cargo ships and subsequent massacre of all 13 crew members Mekong River massacreMekong River in the Golden Triangle region around where the incident took placeApproximate locationLocationChiang Saen District, Chiang Rai Province, ThailandDate5 October 2011; 12 years ago (2011-10-05)Attack typeHijacking of ships, massacreDeaths13 Chinese crew members The Mekong River massacre occurred on the morning of 5 October 2011, when two Chinese cargo ships...

1993 video gamePatriotDeveloper(s)Artech Digital EntertainmentPublisher(s)Three-Sixty PacificDesigner(s)Rick Banks Frank ChadwickPlatform(s)MS-DOSRelease1993Genre(s)WargameMode(s)Single-player Patriot is a computer wargame about the Gulf War, developed by Artech Digital Entertainment and published by Three-Sixty Pacific. It was released in 1993 for MS-DOS. The player can command either the Iraqi or Coalition forces. Gameplay This section is empty. You can help by adding to it. (October 2021) ...

 

Theatre RoyalRoyal Colosseum Theatre and Opera HouseAddress282 Hope StreetGlasgowScotlandOwnerJames Baylis (1867-1870)Baylis Trust (1870-1877) Margaret Anderson family (1877-1888)James Howard and Fred Wyndham (1888-1895)Howard & Wyndham Ltd (1895-1957)Scottish Television (1957-1974)Scottish Opera (1974 – present)TypeProsceniumCapacity1,541ConstructionOpened1867Renovated2014Rebuilt18791895ArchitectWilliam Clarke and George BellCharles J. PhippsWebsiteOfficial Box OfficeNot to be confused...

 

Restaurant in Schipluiden, NetherlandsDe ZwethheulRestaurant informationClosedJanuary 8, 2015 (2015-01-08) -->Head chefMario RidderFood typeFrenchRating Michelin GuideStreet addressRotterdamseweg 480CityZweth, SchipluidenCountryNetherlandsSeating capacity80WebsiteOfficial website De Zwethheul is a defunct restaurant located in Zweth, Netherlands. It was a fine dining restaurant that was awarded one Michelin star in the period 1990-2004[1][2][3][4&...

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Januari 2023. Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Oktober 2022. Daily F...

 

Artikel ini tidak memiliki referensi atau sumber tepercaya sehingga isinya tidak bisa dipastikan. Tolong bantu perbaiki artikel ini dengan menambahkan referensi yang layak. Tulisan tanpa sumber dapat dipertanyakan dan dihapus sewaktu-waktu.Cari sumber: Lensa mata – berita · surat kabar · buku · cendekiawan · JSTOR Lensa mata (biru)Lensa mata atau biasa disebut kristalin adalah bagian mata yang terletak di belakang pupil mata yang berfungsi untuk memfok...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!