Првото негово политичко искуство било како советник во Советот на Град Скопје (1996-2000). Следните две години бил советник на тогашниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов. Жерновски потоа бил пратеник во Собранието на Република Македонија во три мандати (2002-2006, 2006-2008, 2008-2011). По професија е дипломиран градежен инженер, а живее во Скопје. Оженет е и е татко на две деца.
Беше кандидат за градоначалник од опозицискиот „Сојуз за иднината“ на локалните избори 2013, каде бил прогласен за победник во Центар по четири изборни круга.[4] За противкандидат го имал Владимир Тодоровиќ, кој се тркал за втор градоначалнички мандат, а по прегласувањето Жерновски остварил победа со околу 3 илјади гласови разлика. Неговите симпатизери победата ја прославуваат со игра и со песна носејќи го на рамена до бараките на општината истата вечер.[5][6]
По преземањето на новата функција, Жерновски најавил ревизија на проектот „Скопје 2014“ со цел да се истражат финансиските детаљи и склучени договори на општината.[7]
Неговиот избор за градоначалник, по неколку повторувања на гласањето, не беше дочекан само како обична победа на градоначалник на локални избори. Не направи ревизија на проектот „Скопје 2014.“ Според неделникот Фокус до крајот на градоначалничкиот мандат тој станува близок со тогашната власт.[8]
Пред крајот на неговиот мандат како градоначалник партиите од коалицијата која го поддржуваше му замерува дека „нему поважно му е да реализира проекти, отколку да произведува политики.“[9]
Пред крајот на 2017 тој преминува во СДСМ[10] во надеж дека од оваа партија ќе биде кандидиран за градоначалник.[11] Истовремено Либерално-демократската партија го исклучува од нејзините редови.[11] Како член на СДСМ тој веднаш станува член и на Централниот одбор на партијата.[8][11] Оваа одлука предизвикува негативни реакции кај некои членови на СДСМ.[12] При правата реконструкција на Владата на Заев тој станува заменик министер за надворешни работи.[13]
Занимливости
Во текот на локалните избори во 2013 година кога неколкупати се прегласуваше во општина Центар некогашниот портал Кирилица (kirilica.com.mk) објави дезинформации во кој тврдеше дека Жерновски прегазил човек.[14]