Андреин крст или накосен крст (латински: Crux decussata) — христијански симбол кој го претставува распетието на апостол Андреја. Според преданието, овој христијански крст ја има формата на буквата Х бидејќи апостол Андреја бил распнат на таков вид на крст. Овој крст се користи во хералдиката и вексилологијата, во транспортот како сообраќаен железнички знак.