Алис Гионе (родена на 24 мај 1969 година)[1] — француска математичарка, позната по својата работа во теоријата на веројатноста, особено со големи случајни матрици. За нејзиниот придонес во 2009 година, таа ја освоила наградата Лоев.[2]
Во 2012 година таа станала Симонс истражувач.[3]
Живот
Гионе пристапила во École Normale Supérieure (Париз) во 1989 година. Докторирала во 1995 година, на Париз-Суд универзитетот, под надзор на Жерар Бен Ару. Држела позиции во институтот Курант, Беркли, МИТ и ЕНС (Париз). Таа е моментално Директор за истражување на ENS (Лион).[4]
Наводи
Надворешни врски