Ален Роб Грије

Ален Роб Грије
Ален Роб Грије
Роден/а18 август 1922
Брест, Франција
Починат/а18 февруари 2008
Кан, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Ален Роб Грије (француски: Alain Robbe-Grillet, роден на 18 август 1922 во Брест - починал на 18 февруари 2008 во Кан) — француски писател, сценарист и режисер.

Биографија

Роден на 18 август 1922 година во Брест, во Западна Франција, образуван за агроинженер, Ален Роб-Грије поминал долг пат од оспоруван писател, па сè до членство во Француската академија. Во 1949 година го објавил својот прв роман „Краломорство“ додека во 1953 година го издал неговото најславно дело „Гумички“, по кое следувале „Воајер“(1955) „Во лавиринт“(1959), и „За еден нов роман“, „Куќа за состанок“(1965), „Нацрт за револуција во Њујорк“(1970), „Типологија на фантомското место“ (1976) итн.

Ја развивал идејата за т.н. „Нов роман“, станувајќи еден од најпознатите писатели во 50-тите години. Околу неговата поинаква концепција за сфаќање на уметноста се согласувале најпровокативните француски автори, теоретичари и филозофи, како што биле Семјуел Бекет, Маргарет Дира, Ролан Барт, Жак Дерида, Морис Бланшо.

Филмската кариера ја започнал во 1961 година кога напишал сценарио за култниот филм на режисерот Ален РеснеЛани во Маријенбад“, номиниран за „Оскар“. Многу негови критичари тврделе дека неговото свртување кон филмскиот медиум е поради романот „Љубомора“ од 1957 година, кој почнале да го отфрлуваат и неговите најфанатични читатели. Едноставно, романот со својот портрет на болно љубоморен сопруг во еден стегнат и затворен контекст на живеење на една плантажа ги достигнал крајните можни граници во целосното ослободување од каков било драмски заплет.

Во својата кариера Роб-Грије напишал повеќе сценарија и режирал десетина филма. Се прославил со филмовите „Убавата прогоненица“, „Бесмртна“(1963), „Транс Јуроп експрес“(1967), „Постепено лизгање до задоволство“(1974), „Рај и по рајот“(1971).

Градива“ е последното филмско остварување на Роб Грије реализирано во 2005 година. Според критиката, филмот го опишува западниот човек кој минува низ лавиринтите, трагајќи за непозната жена и испитувајќи ја привлечноста, еротичноста и егзотиката на ориенталната култура.

Во осумдесеттите години се свртил кон автобиографскиот пристап со делата „Огледало што се враќа“, „Ангелика или восхитување“ и „Последните денови на Коринт“, „Еден сентиментален роман“. Во „Еден сентиментален роман“ тој изложува педофилски, садомазохистички и криминални фантазии, а романот се продавал во затворена обвивка за да не можат малолетниците да ѕиркаат во него. Во 2004 година бил примен во Француската академија, но одбил да одржи пристапен говор и никогаш не се појавил на ниту еден состанок.

Дела

Романи

  • 1949 Un régicide
  • 1953 Les Gommes
  • 1955 Le Voyeur
  • 1957 La Jalousie
  • 1959 Dans le labyrinthe
  • 1965 La Maison de rendez-vous
  • 1970 Projet pour une révolution à New York
  • 1976 Topologie d'une cité fantôme
  • 1978 Souvenirs du triangle d'or
  • 1981 Djinn
  • 2001 La Reprise

Киноромани

  • 1961 L'Année dernière à Marienbad
  • 1963 L'Immortelle
  • 1969 Les Gommes
  • 1971 La Jalousie
  • 1974 Glissements progressifs du plaisir
  • 1994 Taxandria (
  • 2002 C'est Gradiva qui vous appelle
  • 2010 Campana de la noche

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!