Алексис Салемакерс (роден на 27 јуни 1999 година во Синт Агата - Берхем, Белгија) — белгиски фудбалер кој настапува за екипата на Болоња, како позајмен играч од ФК Милан на позиција среден ред а може да игра и во одбрана.
Клупска кариера
Во октомври 2017 година, Салемакерс потпишал договор во РСЦ Андерлехт до 2019 година. На 16 февруари 2018 година, тој го направил своето официјално деби против Синт-Трујден , играјќи од 77 минута од натпреварот.
На 8 јуни 2018 година, тој го обновил договорот до 2022 година.
На 31 јануари 2020 година, Милан го ангажирал на позајмица, со опција за купување.[2] Милан, наводно, договорил хонорар од 3,5 милиони евра плус 1 милион евра бонуси во случај на трајно потпишување на договор.[3] Тој дебитирал како замена за Давиде Калабрија во ремито против Верона на 2 февруари 2020 година кое завршило со резултат од 1:1.[4]
На 1 јули 2020 година, Салемакерс потпишал договор со Милан кој ќе го задржи во клубот до 30 јуни 2024 година.[5] На 18 јули, тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата од 5-1 на домашен терен над Болоња во Серија А.[6]
Статистика
Наводи
Надворешни врски