Алекс Душебаев (роден на 17 декември 1992 во Сантандер) е професионален шпански ракометар, кој игра за РК Вардар од Скопје и за репрезентацијата на Шпанија.
Алекс е син на ракометната икона и сега ракометен стручњак Талант Душебаев.
Кариера
Душебаев својата кариера ја започнал во младинскиот тим на Сиудад Реал, и во сезоната 2009/2010 се приклучил на првиот тим кој го водел неговиот татко, Талант Душебаев. На крајот на сезоната, тој го напуштил Сиудад Реал и потпишал договор со клубот Натурхаус ла Роха. По две сезони, тој преминал во редовите на Арагон и во истата сезона станал најдобар стрелец во АСОБАЛ лигата. Во јуни 2013, тој потпишал за Атлетико Мадрид, каде тренер повторно бил неговиот татко.[1] Набрзо потоа, клубот Атлетико Мадрид престанал да постои поради финансиски причини, и Алекс потпишал двегодишен договор со македонскиот клуб, Вардар.[2]
Во мај 2014 година, во изборот на специјализираниот портал "Хенбол планет", Душебаев бил прогласен за најдобар млад ракометар во светот.[3]
Наводи
Надворешни врски