Акихито (јапонски: 明仁; р. 23 декември 1933) — цар на Јапонија од 1989 до 2019 г. На престолот го наследил место својот татко Хирохито, а на 1 мај 2019 г. му го отстапил престолот на неговиот син Нарухито. Со тоа завршило раздобјето Хејсеј во јапонската историја, а отпочнало новото раздобје Рејва.