Аеродром Стенковец или уште познат како Аеродром Бразда — аеродром кој се наоѓа на 9 километри од Скопје, Македонија[1]. Ова е единствениот спортски аеродром во околината на Скопје.
Одобрен е за слетување и полетување на воздухоплови со максимална дозволена тежина на полетување од 5,700 килограми. Аеро клуб „Скопје“ е корисник на аеродромот. После 2005 година овој аеродром доживеал експанзија и започнал да удомува многу приватни авиони. Започнале да се градат и приватни хангари и приватни воздухопловни школски центри.
Стенковец е база на Аеро клуб Скопје, Pipistrel Flying Club - PFC, Wing Air Team и Метаморфоза. Главни активности на аеродромот се: моторно летање, летање со ултралесни авиони, едрилици, падобранство, парамоторно летање и моделарство.
На ареродром во 2019 година била осветена црква „Св. Ава Сисој Велики“.[2]
Мало осветување на параклис
Наводи