Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Германија Берлин" does not exist
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Аеродромот Берлин-Бранденбург или службено Аеродром Берлин-Бранденбург Вили Брант (IATA: BER, ICAO: EDDB) (германски: Flughafen Berlin Brandenburg Willy Brandt) е меѓународен аеродром сместен во близина на поранешниот Аеродром Шенефелд во Шенефелд, 18 километри јужно од центарот на Берлин, Германија. Именуван е по поранешниот германски канцелар Вили Брант.
Првично планиран да биде отворен во 2010, аеродромот Берлин-Бранденбург доживеал серија на доцнења поради слабото планирање, управување и изведба на градбата.[1] До март 2013 не било познато кога аеродромот ќе биде отворен, иако секој датум пред 2014 бил отфрлен.[2][3] Поради овие проблеми, првично најавениот буџет за изградба на аеродромот ќе биде значително надминат.[4]
Lufthansa (вклучувајќи ја и нејзината подружница Germanwings) се водечки авиопревозници на аеродромот Берлин-Бранденбург, како што и обете компании најавиле свое седиште тука. Со проектиран број на патници од околу 27 милиони на година,[2] Берлин-Бранденбург е трет најпрометен аеродром во Германија и еден од петнаесетте најпрометни во Европа.