Аеродром Ѓаковица АМИКО (албански: Aeroporti i Gjakovës, српски: Аеродром Ђаковица) ― аеродром во селото Лугбунар, во близина на Ѓаковица во западно Косово.[б 1] Се очекува аеродромот да стане јавен во следните години, да се користи од нискобуџетни комерцијални авиокомпании и карго летови.[2][3]
Историја
Аеродромот бил изграден од страна на Косовските сили (КФОР) по Косовската војна во 1999 година, веднаш до постојниот аеродром што бил користен за земјоделски цели, и бил користен главно за воени и хуманитарни летови. На 18 декември 2013 година, аеродромот бил предаден на Владата на Косово од италијанските воздухопловни сили. Под операциите на италијанските воздухопловни сили, Аеродромот Ѓаковица управувал со повеќе од 27.000 авиони, 220.000 патници и превоз на повеќе од 40.000 тони товар.[4]
Месната и националната власт планираат да го понудат Аеродромот Ѓаковица за работа во рамките на јавно-приватно партнерство со цел тој да се претвори во цивилен и комерцијален аеродром.[5]
Од декември 2015 година, аеродромот е пријавен како затворен од косовските власти.[6]
↑„Aeroporti Gjakovë, news report“. ABC News. Архивирано од изворникот на 2022-05-01. Посетено на 20 август 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)