Аеда, исто така позната како Јупитер XLI — месечина на Јупитер. Откриена е од група на астрономи од Хавајскиот универзитет, предводена од Скот Шепард во 2003 година. Тогаш ја добила привремената ознака S/2003 J 7.[1][2]
Аеда е со пречник од околу 4 километри и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 23.044.000 км за 714,657 дена, при наклон од 160° до еклиптиката (162° до екваторот на Јупитер), во спротивновртечка насока и со ексцентричност од 0,4311.
Името го добила во март 2005 година по Аеда, една од трите првични музи. Аед била Муза на песната и била ќерка на Зевс (Јупитер) од Мнемозина.[3]
Аеда спаѓа во Пасифаината група, неправилни спротивновртечки месечини што кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 Гм, и со наклони кои се движат помеѓу 144,5° и 158,3°.
Наводи