Адамсовиот Остров (англ.Adams Island) е остров од архипелаготОклендски Острови. Јужниот крај на Окленд е проширен до 26 км каде се протега тесен канал, наречен Кернлиево Пристаниште или Адамсови Протоци, го двои од триаголниот Адамсов Остров (површ. 100 км2), кој е уште попланински, достигнувајќи височина од 705 m со планината Дик[1]. Каналот е всушност остаток од некогашен кратер на изгаснат вулкан, со тоа што Адамсовиот Остров и јужниот дел на островот Окленд го сочинуваат работ на кратерот.