Абдукција - (од латински abducere = одведе), е силогистичко заклучување во кое мајор е сигурен но од кое не се изведува сигурен заклучок поради несигурноста на минор. Абдукцијата ги назначува обопштените хипотези или идеи кои дедукцијата ги развива, а индукцијата докажува или побива.
Абдукцијата, за разлика од индукцијата и дедукцијата, не доведува до сигурен заклучок. Аристотелов пример за а. е: знаењето може да се поучува (сигурен мајор); правдата е некое знаење (веројатен минор); значи, правдата може да се поучува. Абдукцијата е вид хипотетичко заклучување кое се темели врз претходното искуство. Користењето на таквото заклучување се оправдува со тоа што често тоа е единствениот можен начин за одредување на рационалното однесување во иднина и толкување на нови феномени. Соодветствува на грчкиот израз άπαγωγή.