Абас Цаноски

Абас Цаноски (1940-2016) е македонски текстописец, етнограф, хроничар и писател по потекло од струшкото село Октиси.

Животопис

Абас Цаноски е роден 1940 г. во Круја, Албанија, каде во тоа време неговиот татко бил на печалба со семејството. Во 1944 семејството се враќа во Октиси, каде што Абас го започнува основното четиригодишно образование, а потоа во Вевчани ја завршува осмолетката.[1] Во 1956 г. со семејството се преселува во Струга, каде со мали прекини, живее сѐ до неговата смрт. На 17 годишна возраст, во 1957 г., го започнува својот печалбарски живот, прво во Битола, потоа во Прилеп, а во 1966 заминува за Франција.[2] Во 2005 г. се пензионира како службеник (благајник) на Исламскатата верска заедница-муфтиство Струга. Починал на 23.02.2016 г. и погребан е на градскотите муслимански гробишта во Струга.[1]

Творештво

Од песните кои ги напишал попознати се: „Ожени се мили сине“, „Горе долу шетав низ чаршија мајче“, „Песна за Струга“, „Ој ти севдо карасевдо“, „Бегала Ценка“, „Излези ќерко Фатимо“ и антологиската „Кога тргнав Цвето во туѓина“ која, освен на Македонски, е препеана на Влашки, Бугарски, Српски и снимена во над 25 верзии.[1] Ги напишал и книгитеː „Сите мои песни“, „Струшката чаршија, еснафите, песната“ и „Низ виорот на животот“; и уште 5 други книги во кои доминираат настаните од минатото.[3]

Во своите дела ги опишува стушката чаршија, еснафите и струшките песни, а пишува и за своите пријатели, гурбетскиот живот, свршувачката и свадбените обичаи кај Муслиманите во Октиси.[1]

Својата прва песна „Ожени се мили сине“ ја напишал за време на неговиот престој во Франција, а мелодијата за песната е создадена заедно со Васка Илиева и објавена е во 1968 година.[2] Покрај со Васка Илиева тесно соработува и со други еминентни музичари од Македонија како што сеː Пеце Атанасоски, Јанко Узунов, Момо Николоски, Захаринка Милосављевиќ и други.[2]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Сеќавање на Абас Цаноски“. Румелија - Здружение на Торбешите во Македонија.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Мајсторот песнопоец Абас Цаноски и неговата „Цвета" (PDF). Македонско Сонце бр.682. 27.07.2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Абас Цаноски со автентични записи од минатото“. ТВМ Телевизија. 19,07,2014. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!