Џорџ Гејлорд Симпсон

Џорџ Гејлорд Симпсон
Роден(а)16 јуни 1902(1902-06-16)
Починал(а)6 октомври 1984(1984-10-06) (возр. 82)
НационалностАмериканец
ПолињаПалеонтологија
УстановиУниверзитет „Колумбија“
Познат поСовремена синтеза; квантна еволуција
Поважни наградиДарвин-Волесов медал (1958)
Дарвинов медал (1962)

Џорџ Гејлорд Симпсон (англиски: George Gaylord Simpson; 6 јуни 19026 октомври 1984) бил американски палеонтолог, специјалист за изумрени цицачи и нивните меѓуконтинентални миграции.

Работа

Симпсон веројатно е највлијателниот палеонтолог од дваесеттиот век. Во 1949 година го вовел поимот синтетичка теорија на еволуцијата, што значи теорија која ги обединува принципите на наследувањето, изразени во законите на Мендел и еволуционото учење на Чарлс Дарвин. Неговиот придонес за оваа теорија е изразен во книгите ,,Tempo and Mode in Evolution‘‘ (1944) и ,,Principles of Classification and a Classification of Mammals‘‘ (1945).

Интересно е да се забележи восхитувањето на Симпсон за теоријата на точкест еквилибриум која се појавила во 1944 (Симпсон го вовел поимот квантна еволуција) и демитологизирањето на фактот дека еволуцијата на коњите одела линеарно, со современиот коњ како нејзин краен резултат.

Симпсон бил професор по зоологија на Колумбискиот универзитет и куратор на одделот по геологија и палеонтологија во Американскиот природонаучен музеј во Њујорк од 1945 до 1959 година.

Од 1959 до 1970 Симпсон бил куратор на Музејот по споредбена зоологија на Харвард.

Награди

Цитати

Човекот е резултат од еден беспричински и природен процес кој него не го имал на ум.[1]
Не мислам дека еволуцијата е извонредно важна бидејќи е моја специјалност; таа е моја специјалност бидејќи мислам дека е извонредно важна.[2]

Книги

  • Attending Marvels (1931)
  • Mammals and Land Bridges (1940)
  • Tempo and Mode in Evolution (1944)
  • The Meaning of Evolution (1949)
  • Horses (1951)
  • Evolution and Geography (1953)
  • The Major Features of Evolution (1953)
  • Life: An Introduction to Biology (1957)
  • Principles of Animal Taxonomy (1961)
  • This View of Life (1964)
  • The Geography of Evolution (1965)
  • Penguins (1976)
  • Concession to the Improbable (1978)
  • Splendid Isolation (1980)
  • The Dechronization of Sam Magruder (посмртно објавена новела, 1996)

Наводи

  1. George Gaylord Simpson, The Meaning of Evolution, revised edition (New Haven: Yale University Press, 1967), стр. 345.
  2. Larson, Edward J. (2004), Evolution, Modern Library, стр. 250, ISBN 0-679-64288-9

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!