Џозеф „Џои“ Роскопф (англиски: Joseph Rosskopf; р. 5 септември 1989) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за континенталната екипа Хјуман Пауеред Хелт.[1]
Кариера
Професионален возач од 2010 година, Роскопф бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015[2] и за Џиро д’Италија 2016.[3] Ја освоил Тур ди Лимузен во 2016 година и бил само втор возач од Северна и Јужна Америка, по Леонардо Дуке, кој ја освоил трката.
Роскопф го освоил националното хронометарско првенство во 2017 и 2018 година.[4] Во јули 2019 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[5]
Во ноември 2020 година, Роскопф потпишал двегодишен договор со екипата Рели Сајклинг, почнувајќи од сезоната 2021.[6]
Личен живот
Роскопф го завршил средното училиште во родниот град Декатур.
Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски