Џовани Батиста Бернеро

Магдалена, Казалемонфератска соборна црква.

Џовани Батиста Бернеро (1736–1796) ― италијански доцнобарокен вајар кој работел, главно во Пиемонт, во формализиран воздржан стил, среден помеѓу барокот и неокласицизмот.

Роден е во Кавалерлеоне во Пиемонт. Кралската субвенција обезбедена од Карло Емануел III Савојски му овозможила да учи во кралската академија за скулптура во Торино под Клаудио Франческо Бомонт.

Во 1765 година отпатувал за Рим каде што тренирал под пиемонтските браќа Ињацјо и Филипо Колино. Тој ја завршил статуата на Екстазата на Марија Магдалена во 1770 година за Касалемонфератската соборна црква). Тој е познат по неговите скулптури на митолошки фигури поврзани со ловот на кралската ловечка куќа во Ступиниџи, како и релјефот од штуко за катедралата Карињано, на кој се прикажани Свети Ремигиј и Свети Јован Крстител.

Извори

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!