Јута Клајншмид (родена 29 август, 1962) е германски натпреварувач на теренски трки со автомобили. Таа е позната по многубројните учества на релито Дакар, а особено по нејзината победа на релито во 2001, станувајќи првата жена со победа на релито.[1]
Таа е родена во Келн, Германија, а пораснала во Берхтесгаден, Горна Баварија.[2] Таа студирала физика на факултетот Исни Политекс, а потоа работела во BMW.[2] Своето прво учество на релито Дакар го имала во 1988, возејќи со BMW мотор.[2] Во 1994, таа се префрлила на категоријата коли, и во 1997, таа станала првата жена со победа на патека.[3] Следната година таа се искачила на подиумот, а во 2001, таа станала првата жена победник на релито.[1][3]