Гмелин е роден во 1748 г. во Тибинген како син на професорот Филип Фридрих Гмелин. Студирал медицина кај татко му[1] на Тибингенскиот универзитет и магистрирал во 1768 г. со тезата Irritabilitatem vegetabilium, in singulis plantarum partibus exploratam ulterioribusque experimentis confirmatam., која ја одбранил пред комисијата на чело со Фердинанд Кристоф Етингер,[2]
Издал неколку учебници од областа на хемијата, фармацевтиката, минералогијата и ботаниката. Во 1788 г. го изготвил и издал XIII издание на делото „Систем на природата“ од Карл Линеј.
Оставнина
Меѓу студентите на Гмелин се вбројуваат истакнати научни дејци како што се Георг Фридрих Хилдебрант, Карл Фридрих Килмајер Friedrich Kielmeyer, Фридрих Штромајер и Вилхелм Август Лампадиус. Татко на хемичарот хемичарот Леополд Гмелин.
Во негова чест е наречено растението Гмелинов пелин (Artemisia gmelinii).
Стандардната авторска кратенка J.F.Gmel. се користи за посочување на оваа личност како автор при наведувањето на ботанички назив.[3]
Дела
Gmelin, Johann Friedrich; Ferdinand Christoph Oetinger (1768). Irritabilitatem vegetabilium, in singulis plantarum partibus exploraam ulterioribusque experimentis confirmatam. Thesis Tübingen. OCLC10717434.
Allgemeine Geschichte der Gifte (два тома, 1776/1777)
Allgemeine Geschichte der Pflanzengifte (1777)
Allgemeine Geschichte der mineralischen Gifte (1777)
Einleitung in die Chemie (1780)
Beyträge zur Geschichte des teutschen Bergbaus (1783)
Ueber die neuere Entdeckungen in der Lehre von der Luft, und deren Anwendung auf Arzneikunst (1784)
Grundsätze der technischen Chemie (1786)
Grundriß der Pharmazie (1792)
Geschichte der Chemie (1799)
Allgemeine Geschichte der thierischen und mineralischen Gifte (1806)
Наводи
↑Mainz, Vera V.; Gregory S. Girolami (1998). „Genealogy Database Entry: Gmelin, Johann Friedrich“(PDF). School of Chemical Sciences Web Genealogy. University of Illinois, Champaign-Urbana. Посетено на 1 јануари 2009.
Vane-Wright, R. I., 1975. The butterflies named by J. F. Gmelin (Lepidoptera: Rhopalocera).Bulletin of the British Museum (Natural History),Entomology, 32: 17-64.