Јат Ервејс (Jat Airways, ИАТА код: JU, по почетните букви на Југославија, ИЦАО код: ЈАТ) е авиокомпанија со седиште во Белград, Србија. Таа е национален авиопревозник на Србија и поранешен авиопревозник на Југославија (под името JAT Југословенски Аеротранспорт, Yugoslav Airlines). Се смета за шеснаеста најстара авиокомпанија во Европа. Air Serbia е создадена на 1 август 2013 како легален наследник на Jat Airways, и е во сопственост на владата на Србија (51%) и Etihad Airways (49%).[1]