Примери
|
- → Јас сум ученик.
|
Јас е лична заменка за прво лице еднина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси.[1]
Лични заменки
Личната заменка „јас“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за прво лице може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:
Лични заменки
|
број
|
лице
|
подмет
|
присвојна заменка и придавка
|
директен предмет
|
индиректен предмет
|
без предлози
|
со предлози
|
долга
|
кратка
|
долга
|
кратка
присвојна
|
еднина
|
I
|
јас
|
мој/ моја/ мое/ мои
|
мене
|
ме
|
мене
|
ми
|
мене
|
II
|
ти
|
твој/ твоја/ твое/ твои
|
тебе
|
те
|
тебе
|
ти
|
тебе
|
III
|
м.р.
|
тој
|
негов/ негова/ негово/ негови
|
него
|
го
|
нему
|
му
|
него
|
ж.р.
|
таа
|
нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини
|
неа
|
ја
|
нејзе
|
ѝ
|
неа
|
с.р.
|
тоа
|
негов/ негова/ негово/ негови
|
него
|
го
|
нему
|
му
|
него
|
множина
|
I
|
ние
|
наш/ наша/ наше/ наши
|
нас
|
нè
|
нам
|
ни
|
нас
|
II
|
вие
|
ваш/ ваша/ ваше/ ваши
|
вас
|
ве
|
вам
|
ви
|
вас
|
III
|
тие
|
нивен/ нивна/ нивно/ нивни
|
нив
|
ги
|
ним
|
им
|
нив
|
Потекло
Македонската лична заменка „јас“ потекнува од старословенската ''. Така, оваа македонска лична заменка е доста слична и со останатите заменки за прво лице на останатите словенски јазици, како: jaz на словенечки, ja на полски, лужичкосрпски, словачки, српски, хрватски, босански и црногорски, аз на бугарски, já на чешки и я на руски, украински и белоруски.[2]
Како што веќе е напоменато, македонската заменка „јас“ се развила од старословенската . Гласот „ј“ се развил во реченичниот санди, во позиција зад „и“ (спр. од Марк. ев. и во преписка во Битолскиот триод од 12 в.). На крајот, „з“ преминало во „с“ по правилото на обезвучување.[3]
Употреба
Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување на себеси, односно прво лице еднина. Во поголем број дијалекти, како и во секојдневниот говор, личната заменка се среќава како ја, односно се изостава гласот 'с'.
Поврзано
Наводи