Јанош Тот Јанош Тот |
---|
Роден(а) | јуни 16, 1961(1961-06-16) ФНР Југославија Вршац |
---|
Починал(а) | октомври 30, 2013(2013-10-30) Белград |
---|
Занимање | актер |
---|
Значајни дела | Мојот роднина од село - Рос Звездара - Жиле |
---|
Награди | 2001 година „Јубилеј“ 2009 година „Генерална проба на самоубиство“ и „Маратонците трчаат почасен круг“ |
---|
Јанош Тот (Вршац, 16 јуни 1961 - Белград, 30 октомври 2013) бил српски театарски, телевизиски и филмски глумец.
Биографија
Јанош Тот е роден во Вршац на 16 јуни 1961 година. Се запишал на Академијата за уметности, отсек за глума во Нови Сад, во класата на професорот Дејан Мијач. Додека бил на Академијата, почнал да игра во Српскиот народен театар во Нови Сад. Дипломирал во Суботица со претставата Колку ви е драго. Постојан член бил на Театарот Теразије е од 1990 година,[1] а гостувал и во други театри.[2]
Како правак на драмата играл во бројни театарски претстави како: Ноќта на лудаците во Господска улица, Битката кај Сењак, Зимскиот дворец, Три белградски фртали, Лукреција или ждеро, Алан Форд, Кукла од насловна страна, Бакни ме Кејт, Јубилеј, Генерална проба на самоубиство, Маратонците го трчаат почесниот круг и други. Имал забележителни улоги и во телевизиски серии, од кои најпознати се Мојот роднина од село (2008-2011) и Звездара (2013).
Починал по кратко и тешко боледување на 53-годишна возраст на 30 октомври 2013 година.[3] Комеморацијата по повод неговата смрт се одржала во Театарот Теразије, а погребан е на Ново бежаниските гробиштата на 2 ноември [2013 година.[4]
Филмографија
Награди
- Награда Статуета на Ќуран на Деновите на комедијата во Јагодина, за најдобра улога во претставата Јубилеј. 2001 година
- Награда на Статуета Ќуран на Деновите на комедијата во Јагодина, за најдобри улоги во претставите Генерална проба на самоубиство и Маратонците трчаат почесен круг 2009 година
- Награда за најдобро глумечко остварување во претставата Лажа и паралажа, на средбите на војводинските театри.
Наводи
Надворешни врски