Ѓорѓи Мраков

Ѓорѓи Мраков
Роден 13 јули 1938
Пателе, Леринско, Егејска Македонија
Починал 10 февруари 2017
Мелбурн, Австралија Австралија
Занимање активист

Ѓорѓи Мраков (Пателе, Леринско, Егејска Македонија, 13 јули 1938Мелбурн, Австралија, 10 февруари 2017) — долгогодишен македонски активист во Австралија и носител на највисокото семакедонско признание почесната титула Македонски сенатор.[1]

Животопис

Мраков е роден на 13 јули 1938 година во село Пателе, [леринско], во Егејскиот дел на Македонија. Тој бил еден од петте деца, Иљо, Ѓорѓи, Ники, Вангелица и Менка, во семејството на Ѓена и Спасе Мракови. По прогонот од Егејскиот дел на Македонија во 1949 година, за време на Граѓанската војан во Грција, со мајка му и двете сестри заминале во Сомбор во селото Крушево и Ѓаково. По три месеци престој се вратиле во селото Браилово, па во Буф и во Бело Поле, Прилепско. Татко му пребегал во Ниш, а мајка му Ѓена и двете сестри Вангелица и Менка останале со него. Брат му Иљо и сестра му Ники биле партизани, учесници во ДАГ, се бореле против грчките монархофашисти, во таа војна и загинале. Се вратил во Д’мбени, но како 18 годишно момче, 1956/1958 година грчките власти го ставиле во затвор, бил под истрага и набљудување. Кога го пуштиле повторно дошол во Битола и тука останал. Основно и средно образование завршил во Битола. Во Битола биле закопани и неговите родители. Во 1963 година во Битола се оженил со Софија и таму му се родила ќерката Цвета. Заминале во Мелбурн, Австралија во 1964 година, каде му се родил и синот Јани. Во Мелбурн работел во повеќе металски работилници, отворил и свој авто-сервис. Од доаѓањето во Австралија започнал со активна работа во македонските организации. Бил член во организацијата Демократско Ослободување на Македонија (ДОМ) од 1969 година, а подоцна во Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). Бил член на МПЦО „Свети Ѓорѓи“ во Епинг, како и во Егејскиот совет, а од 1994 година бил и член во Светскиот Македонски Конгрес. Светскиот Македонски Конгрес во 2016 година му го доделил највисокото семакедонско признание, почесната титула Македонски сенатор за живот и дело во македонските работи и Македонската заедница во Австралија. Починал во Мелбурн на 10 февруари 2017 година, а почива во македонските православни гробиштата во Витлси (Whittlesea).

Наводи

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!