Timatic

Timatic — база на податоци која содржи информации за патниците кои патуваат од една до друга држава. Базата ја користат авиокомпаниите за да одлучат дали патникот може да биде пренесен од точка А до точка Б, а исто така и од туристичките агенции. Ова е важен процес за авиокомпаниите бидејќи поради казните што ги плаќаат авиокомпаниите поради транспортирање на патник кој ги нема потребните документи за влез во бараната држава.

Информациите кои ги содржи базата со податоци покрива:

1. Патнички препораки и потреби

2. Потребни документи за добивање на виза

3. Потребни здравствени услови

4. Аеродромски такси кои треба да ги плати патникот

5. Регулации кои му овозможуваат на патникот пренос на стоки и миленичиња

6. Регулации за определување на дозволениот број на девизи пренесени до бараното одредиште

Timatic беше воведена во 1963 година и е управувана од IATA. Преку 60 милиони патници се проверуваат во базата со податоци секоја година.

Базата е достапна во неколку формати:

1. Timatic - достапна преку SITA мрежата

2. TIM - Книга

3. TimaticWeb - Веб заснован формат

4. Timatic XML

5. Портал за патниците

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!