Mount & Blade: Warband (се чита: Маунт & Блејд: Ворбенд) — првиот дел од акционата видео игра Mount & Blade. За првпат е објавена во јануари 2009 година, а играта е создадена од турската компанија TaleWorlds Entertainment и е објавена од Paradox Interactive 30 март 2010 година.[3][4] Играта е достапна со директно симнување од нивното мрежно место или преку Steam, или како ДВД со онлајн активирање. Верзиите Mac OSX и Linux беа пуштени на 10 јули 2014 година, преку Стим.[5]
Warband ја прошири оригиналната игра со додавање на шести дел, Султанатот на Саранидите, зголемувајќи ја политиката, дозволувајки на играчите да започнат свој дел, и додавајќи игра за повеќе играчи. Оценките на играта се генерално добри, со додавањето на игра со повеќе играчи најдобриот дел. Оваа игра освои многу награди, како номинација за „Best Multiplayer Indie Game of the Year“.[6] Играта е фокусирана на јавање на коњ (како играчот) и давање наредби на своите војници на бојното поле, како на пример на стрелците да им кажеш да седат на позиција или да им кажеш на пешаците да употребуваат тапо оружје (оружје што нема да убие).
За играта
Најважната промена на играта е додавањето на можност за повеќе играчи, воведување на шестиот дел, Султанатот на Саранидите, и реорганизација на мапата.[7] Воведувањето на политика им овозможува на играчите да влијаат врз господарите и да се женат, а играчот кој не е во сојуз со никого може да освои град или замок и да започне свое кралство.[7] Играта содржи подобрена графика, и нова и изменета анимација при борба.[8]
Со повеќе играчи
Во новата игра со повеќе играчи ги нема елементите за мапата и улогите, а наместо тоа, се фокусира на борбите.[8] Играта со повеќе играчи може да има максимум до 250 играчи, поделени во два тима од две спротивставени сили.[7] Сите играчи се со умерено балансиран карактер (што може да се смени за секој опслужувач) врз основа на три типови на војници од пред модерно време: стрелци, коњаница и пешаци.[7] Карактерите може да го сменат оружјето и заштитата дозволена за нивното кралство, може да се купат подобра заштита и оружје откако ќе заработат денари (парите во играта).[8] Нема поврзаност меѓу карактерите во игра со повеќе ирачи или играње сам, и не постои никаков начин да се сменат одликите на ликот, (освен што може да се смени опремата).[9]