Mafia: The City of Lost Heaven е пукачка видеоигра од трето лице првично изработена за ЛС, издадена во 2002, а во 2004 година се направени верзии и за Sony PlayStation 2 и Microsoft Xbox. Изработена е од чешката компанија Illusion Softworks и издадена е од Gathering of Developers. Играта му овозможува на играчот да игра улога на криминалец кој треба да извршува разни задачи за да напредува во играта. Критичарите ѝ дадоа одлични оценки на играта, како и играчите. До 12 март, 2008, Mafia има продадено 2 милиони копии, според Take-Two Interactive.[1][2]
На 21 август, 2007, Take-Two Interactive ја најави Mafia II[3] на конвенцијата за игри во Лајпциг, под изразботка на 2K Czech.
Наводи
Надворешни врски