Il Volo (превод на мак. Во лет) е италијанско оперско поп трио, кое се состои од тенорите Пјеро Бароне и Ињацио Боскето, и баритонот Џанлука Џинобле.[1]
Откако победиле на Санремо 2015, тие ја претставувале Италија на Евровизија 2015 во Виена, Австрија. Таму завршиле на третото место со песната "Grande Amore" (превод на мак. Голема љубов) со вкупно 292 освоени бодови.[2] Издадоа седум студиски албуми. Најновиот албум е трибјут албум посветен на Енио Мориконе насловен како Il Volo Sings Morricone.[3]
Дискографија
Наводи