id Tech 3 (се чита: ид тек) е погон за видеоигри изработен од id Software за Quake III Arena, искористен за многу игри под ознаките Quake III Arena engine и Quake III: Team Arena engine. Во неговото време се натпреварувал со погонот Unreal. И двата погони многу се користени.
id Tech 3 е голем напредок од погонот Quake и id Tech 2. Иако id Tech 3 е произлезен од id Tech 2, големи делови од кодот се нови или повторно напишани. Заменет е од страна на id Tech 4, кој е произлезен одid Tech 3, но содржи многу малку од првичниот код.
На QuakeCon 2005, Џон Кармак најави дека изворниот код на Quake III ќе биде објавен под ГНУ-овата општа јавна лиценца (верзија 2). Објавен беше на 19 август, 2005 година. Кодот е достапен за симнување од интернет на фтп-страната на id.
Користење на погонот
Проекти засновани на слободниот изворен код
- ioquake3 – Проект за отстранување на багови и на стариот код за користење на глувче, за расчистување на изворниот код и за додавање поусовршени графички и звучни можности преку SDL и OpenAL, кој треба да служи како чист основен пакет за други проекти. Овој погон го поддржува форматот Ogg Vorbis и снимање на демо-снимки во форматот .avi.[1] Меѓу игрите кои го користат овој погон се World of Padman, OpenArena и Tremulous.
- Space Trader - Акција/Стратегија од HermitWorks Entertainment
- Smokin' Guns - полуреалистична симулација на атмосферата во „Дивиот Запад“. Почнала како модификација за Quake 3, но прераснала во самостојна игра. Почнала да го користи погонот ioquake3 2009 година[2].
- Urban Terror – Мод за Quake 3 што сега е самостојна игра. Изворниот код сè уште не е јавно објавен.
Производи што користат неслободна лиценца
Надворешни врски
Наводи