1494
|
Семејството Медичи завладеало со Фиренца.
|
1799
|
Во Франција се случува државниот „Преврат на 18 бример“ предводен од Наполеон Бонапарт.
|
1918
|
Во Берлин, по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм II абдицирал. Тоа бил крајот на Германското Царство и почеток на Вајмарската Република. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт.
|
1921
|
Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект.
|
1938
|
Кристална ноќ во Германија: нацистите убиле 92 Евреи, a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори. Започнала физичката ликвидација на Евреите.
|
1944
|
НОВ: Ослободен е Велес.
|
1971
|
Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации.
|
1985
|
Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23 година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.
|
1989
|
Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница кон Сојузна Република Германија „падна“ Берлинскиот ѕид.
|
1993
|
На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.
|
1993
|
Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар, изграден во 1566 г.
|