1822
|
Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
|
1878
|
По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ова е Ден на независноста на Бугарија.
|
1918
|
Потпишан е Брест-литовскиот договор меѓу Русија и Централните сили, со кој Русија излегла од Првата светска војна.
|
1944
|
Во близина на Ново Село, Кумановско, III Македонска НОУ бригада заробила околу 30 четници кои по разбивањето на четничкиот Вардарски корпус се криеле во овој регион.
|
1974
|
Во близината на Париз се урнал турски авион што летал на релацијата Анкара-Лондон при што загинале 345 лица.
|
1996
|
Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хосе Марија Азнар победи на парламентарните избори.
|
2002
|
Во Швајцарија се одржал референдум во кој граѓаните се изјасниле за влез во Обединетите Нации.
|